Куршумли ан (Прилеп)

поранешен ан во Прилеп
(Пренасочено од Ан (Прилеп))

Куршумли ан (или само Ан) — некогашен ан во градот Прилеп, чиј преостанат ѕид денес е прогласен за културно наследство на Македонија.[1]

Куршумли ан
Поглед на зачуваниот ѕид
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видан (урнатина)
Стилосманлиски
Адресабул. „Гоце Делчев“
ГрадПрилеп
Земја Македонија
ЗавршенаXV или XVII век

Историја

уреди

Ѕидот се наоѓа во центарот на градот, на плоштадот „Александрија“, од северната страна на булеварот „Гоце Делчев“. Во минатото бил големо здание.[2][3] Анот се споменува во патописот на Евлија Челебија (1660 - 1668), каде е цитиран денес непостоечкиот натпис над влезот: „Кога Хеваи го праша светиот дух, еден летописец му рече вака: направи ја зградата полузатворена“.[3] Во 1927 г. германскиот етнограф Леонард Шулце Јена спомнува голем ан, познат како Куршумли ан.[3] Срушен е во 1955 г., и денес од него преостанува само источниот ѕид.[2]

Според особеностите на градбата, анот датира од XV[2] или првата половина на XVII век.[3] Претставувал монументална правоаголна градба.[3] Основата е изработена од масивни делкани камени блокови. Ѕидот има 11 украсни розетни окна од мермер.[2]

Според директорката на градскиот архив Елена Чагорска, поновите истражувања укажуваат на тоа дека овој ѕид бил дел од безистен, а не од познатиот Куршумли ан.[4]

Денес платформата пред ѕидот е позната како „камена бина“ на која се одржуваат манифестации.

Камени икони од Чепигово

уреди

Според сведоштвата на разни дејци, меѓу кои и Марко Цепенков, на анот се појавувале икони изделкани на камени плочи. Според едно предание, тие наводно самите доаѓале од храмот „Св. Никола“ во Чепигово, во времето кога тамошниот манастир бил срушен и самите повторно се појавувале дури и кога биле отстранувани и кршени од турските власти.[5]

Охридскиот деец Георги Трајчев вели дека нему му е познато за пренесувањето на камени блокови и столбови од Чепигово, каде некогаш се наоѓал големиот антички град Стибера.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Куршумли ан“. Prilepinfo. Архивирано од изворникот на 2017-08-26. Посетено на 26 август 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 52. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот на 2019-04-04.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Прилепскиот Архив нуди возбудливи одговори за периоди од историјата на Македонија“. МКД. 13 март 2021. Архивирано од изворникот на 2022-05-12. Посетено на 19 март 2022.
  5. 5,0 5,1 Димитриоски, Тренчо (10 август 2018). „На ѕидот од Куршумли ан во Прилеп некогаш стоеле две камени икони“. Пелагон. Посетено на 19 март 2022.

Надворешни врски

уреди