Лете
Лете — древномакедонски град во областа Мигдонија, денес во Солунско, Егејска Македонија.
Λήτη | |
Дервентскиот папирус, IV век п.н.е. | |
Место | Ајватово, Солунско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°42′54″N 22°57′39″E / 40.7151° СГШ; 22.9608° ИГД |
Вид | град |
Историја | |
Раздобје | антика |
Географија
уредиГрадот се наоѓал во преминот Дервент меѓу Лагадинското и Солунското Поле, низ кој денес минува магистралата „Егнатија“. Малку посеверно е македонското село Ајватово, кое во 1926 г. е преименувано во Лити согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[1] Непосредно до наоѓалиштето новото село Антуполи (Антокипи) создадено од доселени Грци.
Историја
уредиГрадот е познат од монети и натписи, и споменат како Λήτη или Λητή е од Птоломеј (III, xiii), Плиниј Помладиот (IV, x, 17), Валериј Харпократион, Стефан Византиски во антиката, како и византиската енциклопедија „Суда“ и Никифор Вриениј (IV, xix) во средновековието.[2]
Лете се појавува во некои доцни Епархиски списоци (Notitiae Episcopatuum) како викаријат на солунската католичка архиепископија. До XVIII век бил седиште на православна епископија,[2] а во Римокатоличката црква е титуларна епархија.[3]
Ископувања
уредиМошне забележителна ископина од стариот град е некрополата, сместена крај магистралата „Егнаитја“, во која се најдени познатиот Дервентски папирус и Дервентскиот кратер. Ископани се Гробницата на Макриди-бег (Лагадинска гробница), Гробницата Г, Гробницата III, Карпестата коморна гробница, како и низа гробови од типот циста.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 Herbermann, Charles, ed (1913). Lete. in: Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ „Lete (Titular See) Letaeus“. Catholic Hierarchy. Посетено на 28 февруари 2016.
- ↑ „Οι τάφοι“. Μακεδονικός τάφος Μακρίδη Μπέη. Архивирано од изворникот на 2019-01-25. Посетено на 7 март 2019.