Антоние Грубишиќ ( 1892 во Задар, Хрватска1942 во логорот Бањица во Белград, Србија) — активен политичар во предвоениот период на територија на Македонија, комунист, југословенски партизан.[1]

Животопис

уреди

Предвоен период

уреди

За време на Првата светска војна завршил правен факултет во Франција, од каде дошол во Скопје задоен со социјалистички идеи и веќе оформен комунист. Со непрекинатата 20-годишна активност, оставил длабоки бразди во работничкото движење во Скопје и Македонија. Неговото име било поврзано со сите настани во работничкото движење и во политичкиот живот на Македонија од крајот на 1919 година, па сè до летото 1941 година. Во 1919 година работел како судски приправник во Првостепениот суд во Скопје. Во работничкото движење се вклучил преку Душан Цекиќ. Во генералниот штрајк на железничарите, во април 1920 година, бил активен учесник и држел состаноци со штрајкувачкиот одбор и штрајкувачите, давајќи им правна заштита во полицијата. По претконгресната дискусија во месната партиска организација придонесувал за победата на тезите на Вуковарскиот конгрес. На општинските избори во 1920 година, на листата на КПЈ, бил кандидиран и избран за одборник. Во изборите за уставотворното собрание, во ноември 1920 година, бил ангажиран целосно околу кандидирањето на комунистичките кандидати истовремено вршејќи ефикасна агитација. Обзнаната ја доживеал болно, но за разлика од некои интелектуалци тој не се пасивизирал и продолжил илегално да работи. Набргу воспоставил врска со Партијата во Белград. Благодарејќи на него обидите на социјалдемократите на Живко Топаловиќ во Скопје да создадат свое синдикално и политичко движење не успеале. Бил еден од најборбените противници на социјалреформистите и со нив водел непомирлива борба. Во јануари 1923 година учествувал како делегат од Скопје на основачката конференција на Независната работничка партија на Југославија во Белград. Во декември истата година, како делегат од Скопје, учествувал и на Третата земска конференција на КПЈ во Белград, на која меѓу другото, биле донесени позитивни одлуки по националното прашање на Македонците. Во наредните години, во услови на голем терор и прогонување, продолжил со несмалена енергија да се бори за политиката на Партијата. Поради тоа бил затворан во периодот од 1923 до 1936 година на неколкупати. Политичката активност не ја прекинал ни подоцна.[1]

Втора светска војна

уреди

Учествувал активно во сите акции и иницијативи на Партијата сè до летото на 1941 година, кога бугарскиот фашистички окупатор го протерал за Србија. Со неговото семејство се преселил во Лесковац. На повикот на КПЈ за вооружено востание, се одзвал веднаш. Во август 1941 година се приклучил на партизаните. Бил борец во Шумадинскиот партизански одред. Окупаторот успеал да го зароби. Потоа бил стрелан во логорот на Бањица, во 1942 година.[1]

Една улица во градот Скопје го носи неговото име.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 47–48. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Антоние Грубишиќ - Скопје“. wikimapia.org.