Босански Петровац

Босански Петрoвaцград и седиште на истоимената општина во западна Босна и Херцеговина (Босанска Краина), односно во ентитетот Федерација Босна и Херцеговина, на крстопат на патиштата Бихаќ - Јајце и Јајце - Дрвар.

Дом на културата во Босански Петровац

Географија уреди

Најголемиот дел од територијата на општината Босански Петровец е положен во Петровечкото и Бравското поле, на надморска височина од 600 до 850 метри, помеѓу планините Осјеченица, Клековача, Грмеч и Срнетица. Карактеристично за самата висорамнина е нејзиното крашко тло, без ниту една река или поток со постојан ток.Постојат неколку помали извори во подножјето на падините на околните планини, но нивните води се губат во рамнината на полето. Површината на општина Босански Петровец изнесува околу 750 км2, а вкупната должина на границата е 144,20 км.

Историја уреди

Археолошките истражувања на голем број наоѓалишта сведочат за постоење на автохтоно население уште во времето на Илирите (племето Сардеати[1] или Деури[2]). Се сметадека во тие населби живееле приближно околу 4000 луѓе. После римската окупација, од Јадранското крајбрежје преку Дрвар и Оштрељ водел римски пат до Колуниќ и Бар(а) (Босански Петровец) и тука се делел во три правци. Првиот, водел кон долината на реката Сана, вториот, преку Крњеуша и Рисовец кон долината на реката Уна, каде водел и тртиот пат, кој минувал преку Бјелај. Римскиот цар и писател Константин Порфирогенит го споменува ова подрачје во 950 година во своето дело De administrando imperio, под името Pesenta. Тоа е латинското име за средновековната хрватска жупа Псет (Pset). . Овие области станале дел од средновековната босанска држава во тој период 1322 - 1332. година, за што е заслужен бан Стјепан II Котроманиќ. Османлиите го освоиле помеѓу 1530 и 1537. година.[3]

Периодот на средниот век изобилува собогатство материјални и пишани документи, меѓу кои се:

  • остатоците на храмот на Св. Ѓурѓ (Панаѓур) и некрополата со камени средновековни, надгробни споменици (стеќци/stećci) во селото Колуниќ
  • средновековниот град Бјелај, прогласени за национални споменици на Босна и Херцеговина.
 
Познати луѓе од Босански Петровац

По мирот во Карловац во 1699. делови од Хрватска, кои дотогаш беа дел од Отоманската империја, потпаѓаа под власта на Австрија или на Венецијанската Република. Муслиманското население се повлекува од овие области и се населува во областите на десниот брег на Уна. Воспоставена е граница што останува непроменета до денес. Во новите политички и воени случувања, Петровац добива стратешко значење. На местото на денешниот град е изградено утврдување со населба околу него (денешен Босански Петровац ). Тврдината е срушена во 1905 година, за време на австроунгарската окупација .[4]

Населби уреди

Бaрa, Бjeлaj, Бjeлajски Вaгaнaц, Босански Петрoвaц, Брaвски Вaгaнaц, Брестoвaц, Буkoвaчa, Бунaрa, Бусиje, Цимеше, Добрo Селo, Jaњилa, Jaсенoвaц, Kaпљух, Kленoвaц, Колуниќ, Kрњa Jeлa, Крњеуша, Ластве, Медено Поље, Орашко Брдо, Oштрељ, Подсрница , Прkoсi, Рашиновац, Ревеник, Рисовац, Скакулец, Смољaнa, Сувaja, Ведрo Поље, Воѓеницa, Врaнoвинa и Вртoче.

Население уреди

Националност 2013 1991 1981 1971
Бошњаци 3.179
Муслимани по националност 3.288 2.893 3.315
Срби 3.396 11.694 11.129 14.941
Хрвати 26 48 49 76
Југословени 2 366 2.187 154
Останати и непознато 77 27 27 19
Вкупно 7.328 15.621 16.374 18.597

Познати луѓе уреди

Национални споменици уреди

На списокот за национален споменик на Босна и Херцеговина тука се следните споменици:

Наводи уреди

  1. „Салмедин Месиховиќ - SVPPLEMENTVM REBELLIO ILLYRICI I – Германски Поуњска офанзива“ (PDF). Институт за историја • Br. 4, 1-234, Сараево 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-07-14. Посетено на 9. 2. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Босна и Херцеговина u antičko doba“. Ivo Bojanovski, Akademija nauka i umjetnosti Bosne i Hercegovine, 1988. Посетено на 9. 2. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „средновековниот град Бјелај“. Комисија за зачувување на националните споменици. Архивирано од изворникот на 2019-02-20. Посетено на 9. 2. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Петар Раѓеновиќ: Бјелајско поjeе и Бравско - Антропогеографска испитување“. Српска кралска академија во Белград 1925. i 1923. godine. Посетено на 9. 2. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. Комисија за зачувување на националните споменици - Јован Бијелиќ [мртва врска]