Англоамерика е регион во поголемата целина Америка каде англискиот јазик е главен,[1] или каде постојат значајни историски, етнички, линвгистички и културни врски со Велика Британија. Наспроти ова постои регионот Латинска Америка, каде предоминираат романските јазици (шпанскиот, португалскиот и понекаде францускиот).[1]

Површина18.527.553,6 км²
Население354.335.567
Густина18,9 / км²
ДемонимАнглоамериканци, Американци
Земји
Зависни територии
Часовни појасиод UTC-4 до UTC-10

Географска област

уреди

Во потесна смисла, под „Англоамерика“ може да се подразберат и само северноамериканските земји САД и Канада, поради нивната големина и влијание.[2] И покрај тоа што мнозинството говори француски, Квебек се смета за дел од Англоамерика од историски, географски, стопански, политички и културни причини. Други подрачја што ги сочинуваат англофонските Кариби се териториите Британски Западни Инди, Белиз, Бермуда и Гвајана.

Население во регионот (2010)[3]
Земја Население Површина Густина
  Американски Девствени Острови 109.775 346 317,3
  Ангвила 14.764 91 162,2
  Антигва и Барбуда 86.754 442.6 196,0
  Барбадос 285.653 430 664,3
  Бахами 310.426 10.010 31,0
  Белиз 314.522 22.806 13,9
  Бермуда 68.268 54 1264,2
  Британски Девствени Острови 24.939 151 165,2
  Гвајана 748.486 196.849 3,8
  Гренада 107.818 344 313,4
  Доминика 72.813 751 97,0
  Јамајка 2.847.232 10.831 262,9
  Кајмански Острови 50.209 264 198,2
  Канада 34.255.000 9.984.670 3,7
  Монтсерат 5.118 102 50,2
  Порторико 3.725.789 9.104 430,0
  САД 310.232.863 9.161.966 33,9
  Света Луција 160.922 606 265,5
  Свети Винцент и Гренадини 104.217 389 267,9
  Свети Китс и Невис 49.898 261 191,2
  Тринидад и Тобаго 1.228.691 5.128 239,6
  Туркс и Кајкос 23.528 430 104
  Фолкландски Острови 3.140 12.173 0,3
Вкупно 354.335.567 18.527.553,6 18,9

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 "Anglo-America", том. 1, Micropædia, Encyclopædia Britannica, XV изд., Chicago: Encyclopædia Britannica, Inc., 1990. ISBN 0-85229-511-1.
  2. Северна АмерикаЕнциклопедија „Колумбија“ VI изд. 2001-5 (англиски)
  3. Светска книга на факти на ЦИА 2010