Ана Витанова-Рингачева

(Пренасочено од Ана Витанова Рингачева)

Ана Витанова Рингачева (родена на 2 ноември 1981 во Струмица) — македонска книжевна критичарка, есеистка и професорка.

Ана Витанова-Рингачева
Роден 2 ноември 1981
Струмица
Националност Македонец
Занимање есеист
професор

Животопис

уреди

Ана Витанова-Рингачева е родена на 22 ноември 1981 во Струмица. Основно и средно образование го завршила во родниот град. Во учебната 2000/2001 година се запишала како редовен студент на Катедрата по македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, а во 2004 година дипломирала како најдобар студент во групата. Во 2005 година се запишала на постдипломски студии на групата Македонска книжевност, а во 2011 година го одбранила својот магистерски труд под наслов „Методички постапки за наставна интерпретација на поетски текст во наставата по литература” под менторство на проф. д-р Виолета Димова. На 8 февруари 2012 година Наставно-научниот совет при УКИМ ја одобрила темата за докторска дисертација под наслов „Шаманизмот како `културен остаток` во македонската народна традиција“ под менторство на проф. д-р Нина Анастасова-Шкрињариќ. На 23 февруари 2017 година Ана Витанова-Рингачева ја одбранила докторската дисертација на тема „Шаманизмот како`културен остаток во македонската народна традиција“ и се стекнала со највисокото звање доктор по филолошки науки.

Како наставник во воспитно-образовниот процес се вклучила во 2007 година, во ООУ „Борис Трајковски“ во Моноспитово, Општина Струмица. Подоцна својата работа ја продолжила како наставник по предметот Македонски јазик и литература во СОУУД „Димитар Влахов“ во Струмица. Покрај воспитно-образовната работа, нејзина голема преокупација е науката. Паралелно со нејзинот ангажман во воспитно-образовниот процес, таа истражува во научните сфери и објавува свои трудови. Нејзиниот научен интерес е насочен кон истражувања од областа на народната литература, фолклористиката и компаративната митологија од една страна, како и херменевтичкото толкување на современата македонска литература од друга страна. Се потпишува и како уредник на изданија од областа на книжевноста, најчесто книги од областа на народната литература и поетски збирки.

Д-р Ана Витанова-Рингачева е еден од основачите на Здружението за наука, литература и култура „Иван Василевски“, здружение посветено на негување на книжевните вредности и популаризација на книгата. Таа е еден од иницијаторите за покренување на списание за наука, литература и култура „Зенит“, списание со меѓунарона редакција. Пишува и објавува свои стручни и научни трудови во домашни и меѓународни списанија, а учествува и на повеќе домашни и меѓународни симпозиуми и научни конференции, со трудови публикувани во зборници. Претседател е на Управниот одбор на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ во Струмица.

Ана Витанова-Рингачева има објавено околу педесетина трудови (стручни и научни трудови, рецензии, осврти, критики). Автор е на книгата „Поетскиот дискурс во наставата“ (методички пристап) и Македоника литера, Скопје, 2012, а соавтор на книгата „Струмичко литературно соѕвездие“ (соавтор со Иван Котев), и монографијата „70 години посветеност во образованието“, монографија по повод 70-годишниот јубилеј на СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, Струмица, 2016.

Добитник на Годишната награда на Општина Струмица „Св. Петнаесет тивериополски свешетеномаченеци“ за 2016 година, за особен придонес во областа на науката, литературата и културата.[1] И наградата „Горан Бујиќ“ во Задар[2].

Творештво

уреди
  • Шаманистички реликти во македонската народна традиција(2015)Зборник на трудови Културна меморија(5-7 септември,2013) Скопје:Книгоиздателство МИ-АН, 2015, 253-262
  • Феноменот на шаманизмот и неговите одблесоци во македонската народна традиција

Македоника VIII,19-20, Скопје, 2018,3-10

  • Да се дофатат нови светлини (Кон книгата Лов на елени од Васил Тоциновски) Македоника VIII,19-20, Скопје, 2018,114-119
  • Еротскиот фолклор како актуелен предизвик (Иван Котев, „ Играле моми по месечина“, еротска народна поезија и проза од Струмица и Струмичко, Струмица, 2018)Спектар, Скопје,2018

Трудови во списанија, зборници и др.

  • Фокализацијата и нејзиното манифестирање во македонскиот роман „Пустина”, Разгледи, Скопје, 2009, 1-3, 165-179.
  • Постмодернистички постапки во расказот „Смртта на Евтихиј“ од книгата „Фрески и гротески“ на Венко Андоновски, Современост, Скопје, 2010.
  • Легендата како палимпсест во две поетски рожби на Блаже Конески, Проект Растко Македонија, 2011.
  • Поим за интерпретација на лирска песна, Воспитни крстопати, Скопје, 2012, број 162, 21-22.
  • Поетскиот дискурс во наставниот процес, Воспитни крстопати, Скопје, 2012, број 164, 19-21.
  • Тромеѓата во поезијата на Стојче Балкански и Егејската прародина на Љубен Ташковски – рецидив од стогодишната голгота на македонските откорнатици.Зборник на трудови од Научниот симпозиум „Струмица и струмичко за време на Балканските војни и Букурешкиот мировен договор“, Струмица, 25-27 октомври 2012 г., Струмица: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, 2013, 263-274 (*трудот е реобјавен во списанието Акт, Скопје, 2014, стр. 34-39).
  • Зборовите си одат, но писмото останува. (Кон зборникот Мудроста на вековите, македонски народни пословици и поговорки од Струмица и Струмичко на Иван Котев), Современост, Скопје, 2013, 62, број 2 (септември), 137-141.
  • Распнатата жена на полиците во заклучената библиотека Есеј, Нова критичка мисла.
  • Силата на зборот во афоризмите на Ацо Ѓоргиев. (Краток осврт кон збирката афоризми Каменче во чевелот на Ацо Ѓоргиев) Современост, Скопје, 2014, 63, број 2, стр.116-119.
  • Функцијата на обредите со маски и нивна манифестација во тримерските празнувања и карневалот во Струмица. Зборник на трудови во спомен на Емилија Петковска. Струмица: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј -Струмица, 2014, 311-319.
  • . Шаманистички реликти во македонската народна традиција. Зборник на трудови Културна меморија (5-7 септември 2013) Скопје: Книгоиздателство МИ-АН, 2015, 253-262.
  • . Стихозбирката ,,Уа и ура” на Ѓорги Калајџиев – оригинален призвук на македонското поетско писмо, Современост, Скопје, 2015, 64, број 1, 139-145.
  • Компаративен пристап кон мотивот печалбарство во романот „Мојот американски аџилак“ на Стојан Христов и делата на македонските драмски автори меѓу двете светски војни, Современост, Скопје, 2015, 64, број 3, 89-104.
  • Цар Самуил и мотивот Беласичка битка во современата македонска поезија– дијалог меѓу историјата и поетиката. Зборник на трудови од Научниот симпозиум: Самуиловата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија. Струмица: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица, 2015, 310-319.
  • Бисерен ѓердан од песни нанижан (Кон книгата „Опеана Струмица“ од Иван Котев), Сè за Струмица, септември 2016, број 47, 28-29.16. Медијаторска атмосферска практика – змејовитиот човек во македонската и здухачот во српската народна традиција. Зборник на трудови од Меѓународниот научен симпозиум: Афирмација, продлабочување и проширување на вековните културни врски меѓу Р. Македонија и Р. Србија (30-31 октомври 2015) Битола: Конзулатот на Р. Србија во Р. Македонија – Битола, 2016, 209-221.
  • Како да се остане човек меѓу луѓето? - Прашање е сега. (Осврт кон книгата афоризми Изгоревме под сенка на Атанас Крлевски). Велес: Велес, XVII, 2016, бр.17, 124-129. 18. Уметност во време на суша. (Кон изложбата на четворица млади струмички уметници: Љупка Галаска-Василев, Никола Пијанманов, Ване Костуранов и Маријан Ѕин) Акт, Скопје, 2017, бр.60,18-20
  • Тежината на промислениот збор (Кон книгата Јава и сон од Васил Дрвошанов). Современост, Скопје, 2017, 73 (66), број 1, 65-71.
  • Едно поинакво сведоштво за Конески (Промотивна реч кон книгата „Мојот професор пророк“ од Вера Стојчевска-Антиќ) Акт, Скопје, 2017, бр.61, 26-27.
  • Кон творештвото на Киро Донев (По повод 50 години творештво и 75 години живот). Стожер, Скопје, 2017, бр.125, 38-41.
  • Мистичното патување на јунакот во задгробниот свет – шаманистички мотив во сказните од Струмичкиот регион (аналитички пристап). Музејски летопис (Зборник на трудови по повод 65 години „Завод и музеј“ - Струмица: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица, 2017, 202-224.
  • Стихови од камерната сцена на животот. (Кон книгата Трнот е во надежта од Тања Крмзова-Костиглиола). Современост, Скопје, 2018, 74 (67), број 1, 111-113.
  • Архетипските и митски симболи во драмската трилогија „Вечна игра“ од Митко Маџунков, Манускрипт, Скопје, 2018 (во печат).
  • Феноменот на шаманизмот и неговите одблесоци во македонската народна традиција, Македоника VIII, 19-20, Скопје, 2018, 3-10.
  • Лечебна е моќта на блажената Блажева поезија. Во: Како го читам Конески, Македонски збор 4, Фондација „Небрегово“, Скопје, 2018, 33-47.
  • Шаманистички претстави за задгробното патување на херојот во сказните (врз примери од македонскиот и српскиот сказничен фолклор). Зборник на трудови од: Меѓународната научна конференција за меѓународните и интеркултурните релации: Врските меѓу Р. Македонија и Р. Србија низ вековите и денес (19 – 20 мај 2017) Битола: Конзулатот на Р. Србија во Р. Македонија – Битола, 2018, 601-616.
  • Еротскиот фолклор како актуелен предизвик (Иван Котев, „Играле моми по месечина“, еротска народна поезија и проза од Струмица и Струмичко, Струмица,2018). Труд во списанието „Спектар“.

Рецензии, осврти и критики

  • Отелотворено детство (краток осврт кон збирката раскази И јас го видов Тито на Лазар Партиков). Во: Лазар Партиков. И јас го видов Тито. Битола: Дата Песнопој, 2012, 101-105.
  • Стихови од корен откорнати (осврт кон стихозбирката Аманети од разочарано дрво од Стојче Пасков). Во: Стојче Пасков. Аманети од разочарано дрво. Струмица: ЛУБ „Благој Јанков Мучето”, 2013, 5-8. 3. Предверме созреана младост (осврт кон стихозбирката Зборовите останаа на прагот од Габриела Петрушева). Во: Габриела Петрушева. Зборовите останаа на прагот. Струмица: ЗКУ „Сцена”, 2013, 9-12.
  • Мисли во расчекор докоснати (краток осврт кон книгата афоризми Крлук на Атанас Крлевски). Во: Атанас Крлевски. Крлук. Скопје: Македоника литера, 2014.
  • Повеќе од една поетска (краток осврт кон стихозбирката Уа и ура на Ѓорги Калајџиев). Во: Ѓорги Калајџиев. Уа и ура. Струмица, 2014, 9-15
  • . Трите страни на Еросот – жена, татковина и поезија (краток осврт кон стихозбирката Теа на Лазар Динев). Во: Лазар Динев. Теа. Струмица, 2014, 3-10
  • Жената – муза на афоризмот (краток осврт кон книгата Цветен пазар на Атанас Крлевски). Во: Атанас Крлевски. Цветен пазар. Скопје: Македоника литера, 2014, 51-57.
  • Илјадалетна (краток осврт кон драмата Царот Владислав од Борис Јанков). Во: Борис Јанков. Царот Владислав. Струмица: ЛУБ „Благој Јанков Мучето”, 2014, 159-161.
  • Филозофија на мудроста или мудра филозофија (краток осврт кон книгата Филосовски фрагменти, афоризми, премиси, изреки од Лазар Динев). Во: Лазар Динев. Филосовски фрагменти, афоризми, премиси, изреки. Струмица, 2014, 238- 245.
  • . Кон праизворот на поезијата (предговор на книгата Сликање на ангелот, Иван Василевски). Во: Иван Василевски. Сликање на ангелот. Скопје: Матица, 2015, 5-39.
  • Премостени соништа (осврт кон стихозбирката Кула во сонот, 2013). Во: Иван Василевски. Сликање на ангелот. Скопје: Матица, 2015, 638-647.
  • Стихови – неизгаснати жарчиња од огништето на животот (краток осврт кон стихозбирката Згаснато огниште од Нада Ѓоргиева). Во: Нада Ѓоргиева. Згаснато огниште. Струмица: ЛУБ „Благој Јанков Мучето”, 2016, 5-12.
  • Недопишан стих од катренска строфа (краток осврт кон стихозбирката Гледач во небото од Ице Беличев). Во: Ице Беличев. Гледач во небото. Струмица: ЛУБ „Благој Јанков Мучето”, 2015, 6-11.
  • . Обоени слики во црно-бел свет (краток осврт кон стихозбирката Бура од убавини на Билјана Ѓеоргиева-Зринк). Во: Билјана Ѓеоргиева – Зринк. Бура од убавини. Струмица, 2015, 87-92.
  • Овековечена Струмица (краток осврт кон книгата Опеана Струмица на Иван Котев). Во: Иван Котев. Опеана Струмица, народни песни за Струмица и Струмичко. Струмица: 2016, 17-24.
  • Последниот патник заљубен во вистината (краток осврт кон книгата Каде по дождот на Лазар Динев). Во: Лазар Динев. Каде по дождот. Струмица: 2016,11-16.
  • . Епитаф: Ме уби премолчениот збор (осврт кон збирката афоризми Влакно во јајцето од Ацо Ѓоргиев). Во: Ацо Ѓоргиев. Влакно во јајцето. Струмица: 2016, 78-82.
  • Погледи отаде хоризонтот (краток осврт кон изданието Ли(ри)чни парчиња од мојата душа - лични творби на членовите на литературниот кружок „Поглед“ при ООУ „Mануш Турновски“ - Ново Село, приредувач Владо Ефтимов). Во: Ли(ри)чни парчиња од мојата душа. Струмица: 2016, 92-94.
  • Последните воздишки на поетот (осврт кон стихозбирката Скршнување од Иван Василевски). Во: Иван Василевски. Скршнување. Скопје: Матица, 2018,7-15.
  • Длабоки, широки и афоризми за долги размисли (осврт кон книгата Украдено сонце од Ѓорги Панов). Во: Ѓорги Панов. Украдено сонце. Струмица: НУЦК „Антон Панов“, 2018, 69-76.
  • . Да се дофатат нови светлини (кон книгата Лов на елени од Васил Тоциновски). Македоника VIII, 19-20, Скопје, 2018, 114-119.
  • Стихови во време-невреме (кон стихозбирката Душевни молскавици од Ѓорги Зимбаков). Во: Ѓорги Зимбаков. Душевни молскавици. Скопје: Матица, 2018, 69-75.
  • Стожерната мисла на родољубивиот триптихон (кон книгата Триптих за Македонија од Раде Силјан). Стожер, Скопје, 2018, стр.32-33.
  • Турунџула Каравлашки - автохтон епски јунак во народната песна од Струмиц и Струмичко (осврт кон книгата „Турунџула Каравлашки“ епски народни песни од Струмица и Струмичко од Иван Котев, Струмица, 2018 (во печат).
  • Послание од Небрегово, Стожер, Скопје, стр.6-7.

Реферати на национални и меѓународни стручни и научни собири, конференции и симпозиуми, одржани во Р. Македонија:

  • Научен собир во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица на тема „Струмица и Струмичко за време на Балканските војни и Букурешкиот мировен договор“ (Струмица, 25 – 27 октомври 2012). Реферат на тема „Тромеѓата во поезијата на Стојче Балкански и Егејската прародина на Љубен Ташковски – рецидив од стогодишната голгота на македонските откорнатици“.
  • Годишна меѓународна конференција 2013 во организација на Центар за култура и културолошки студии на тема „Културна меморија“ (5-6 септември 2013, Скопје).Реферат на тема „Шаманистички реликти во македонската народна традиција“.
  • Шести меѓународен научен собир во организација на Конзулатот на Р. Србија во Р. Македонија – Битола, 2015 година на тема „Афирмација, продлабочување и проширување на вековните културни врски меѓу Р. Македонија и Р. Србија“. Реферат на тема „Медијаторска атмосферска практика – змејовитиот човек во македонската и здухачот во српската народна традиција“.
  • Научен собир во организација на Министерството за култура на РМ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица на тема „Самуиловата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија“ (Струмица, 24-26 октомври 2014 година). Реферат на тема „Цар Самуил и мотивот Беласичка битка во современата македонска поезија – дијалог меѓу историјата и поетиката“.
  • Седми меѓународен научен собир во организација на Конзулатот на Р. Србија во Р. Македонија – Битола, 2016 година на тема „Врските меѓу Р. Македонија и Р. Србија низ вековите и денес“. Реферат на тема „Шаманистички претстави за задгробното патување на херојот во сказните (врз примери од македонскиот и српскиот сказничен фолклор)“.
  • Симпозиум на тема „Ретроспективи и перспективи на македонската етнологија и фолклористика“, Скопје, 12 и 13 октомври 2017 година, Македонското етнолошко друштво и ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје. Реферат на тема „Шаманистички елементи во русалискиот обреден комплекс“ (Паралели повлечени на релација шаманизам - русалиски игри од источниот дел на Балканскиот Полуостров).
  • Научен симпозиум „Денови со Митко Мацунков“, 24-25 ноември 2017 година,НУЦК „Антон Панов“, Струмица. Реферат на тема „Архетипските и митски симболи во драмската трилогија ’Вечна игра’ од Митко Маџунков“.
  • Меѓународен научен собир на тема „Фолклор-традиција-јазик“, во рамки на манифестацијата „Денови на Благоја Корубин“, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје,17-18 мај 2018 година. Реферат на тема „Народната песна од Струмица и Струмичко - ризница на автохтониот јазичен израз (врз примери на љубовни песни и балади)“[3]

Наводи

уреди