Нина Анастасова - Шкрињариќ

Нина Анастасова- Шкрињариќ — е редовен професор на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Нина Анастасова-Шкрињариќ
Роден(а)1963
Скопје, Македонија
НационалностМакедонка
Познат(а) пофолклористика и митологија

Биографија

уреди

Нина Анастасова-Шкрињариќ е редовен професор на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ја изведува наставата по предметите: Митопоетика, Словенска митологија, Македонска народна книжевност (Македонска народна поезија и Македонска народна проза) и Психоаналитички концепти во фолклорот. Покрај фолклористичкиот домен, нејзино поле на истражување е словенската митологија и митот воопошто (митопоетика, историја и теорија на мит), а актуелна нејзина преокупација се психоаналитичките и социо-антрополошките интерпретации на фолклорот.[1]

Творештво

уреди

Автор е на повеќе книги од областа на фолклористиката и митологијата:

  • Словенски пантеон (Менора: 2002),
  • Кралимарковиот циклус - на чекор до епопеја (Табернакул:2007),
  • Нулта контакт (2008)[2]
  • Митски координати (Македонска реч: 2008),
  • Фолклорни социјални фосили (социо-антрополошки студии за фолклорот) (Македоника литера:2011),
  • Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд - психоаналитички концепти во фолклорот (Македонска реч: 2011),
  • Фолклорологија: книжевно-теориски и книжевно-историски студии за фолклорот (Табернакул: 2017),
  • Перуновата стрела /громовитиот бој – како богот Перун го победи богот Велес/ (Табернакул: 2017),(која е и дел од лектирната литература во основното образование)[3]
  • Сончевото тркало - соларниот код во календарските празници (Македоника литера: 2017).
  • Световид и виделина (2021)[4]

„Митски координати„ претставува сумиран толковник и прирачник за читање, поимање, толкување и дешифрирање на митот. Се работи за студија која има амбиции да го понуди клучот за одгатнување на универзалниот митски и религиски код; дело кое ја разгатнува шифрата за влез во сите светски митологии, бидејќи сите митологии и митови следат еден ист модел.[5]

„Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд (психоаналитички концепти во сказните)“ е книга која нуди еден поинаков „клуч“ за читање и разбирање на сказните. Трудот е изведен како своевидна психоаналитичка дискусија во која главниот збор го имаат двете водечки имиња од старата „гарда“ психоаналитичари – генијалниот Сигмунд Фројд и брилијантниот Карл Густав Јунг, а се повикува и на „медијаторството“ на Бруно Бетелхајм, кој ги дава најдрагоцените согледби за значењето на сказните за детската психа.[6]

„Фолклорни социјални фосили" e фолклористичка студија во која Анастасова Шкрињариќ покажува дека фолклорните творби претставуваат вистински „социоартефакт“, кој во себе го крие отпечатокот од сите изминати фази на човековото социјално живеење. Антрополозите истакнуваат дека фолклорот содржи своевидни фосилни остатоци од архаичните општествени „институции“, а овие мумифицирани детали можат да се препознаат само доколку се повикаат на помош социоантрополошките сознанија. Позиционирајќи го своето истражување од аспект на социјалната антропологија, авторката ги извлекува на површина: остатоците од тотемизмот, родовско-племенското уредување, променливиот примат на матријархалниот и патријархалниот поредок (преку борбата за превласт на амазонските женски заедници и патријархалните воини-змејоборци), трагите од авункулатот, преживелиците од некогашните ендогамни или егзогамни брачни врски (архаичните брачни институции – полигинија, андрогинија, сорорат, левират) и други универзални „антропологеми“.[7]

Наводи

уреди