Ананка (месечина)

месечина на Јупитер

Ананка (старогрчки: Ανάγκη) — неправилна месечина на Јупитер. Откриена е од Сет Барнс Николсон во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ во 1951 г[3] и наречена по Ананка, старогрчка божица на неизбежноста и мајка на мојрите.

Ананка
Ananké.jpg
Откривање
ОткривачС.Б. Николсон
Откриено28 септември 1951
Орбитални особености
Периапсида12.567.000 км
Апоапсида29.063.500 км
Главна орбита полупречник
21.280.000 км[1]
Занесеност0,24[1]
610,45 д (1.680 г)[1]
2.367 км/с
Наклон148,89° (кон еклиптиката)
149,9° (кон Јупитеровиот екватор)[1]
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден полупречник
14 км[2]
~2.500 км2
Зафатнина~11.500 км3
Маса3,0×1016 кг
Средна густина
2,6 г/см3 (претп.)
0,010 м/с2 (0,001 г)
~0,017 км/с
Албедо0,04 (претп.)[2]
Температура~124 K

Месечината го добила ова име[4] дури во 1975 г.;[5] пред тоа била позната како Јупитер XII. Меѓу 1955 и 1975 г. понекогаш се нарекувала „Адрастеја“[6] — име кое денес го носи друга месечина на Јупитер.

По месечината е наречена Ананкината група, која се состои повратни неправилни месечини кои кружат околу Јупитер помеѓу 19,3 и 22,7 Гм при наклони од околу 150°.[2]

Орбита

уреди

Ананка кружи околу Јупитер по висока повратна орбита со големо занесување и голем наклон. Од 2000 г. наваму се откриени осум неправилни месечини околу Јупитер кои следат слични орбити.[2] Сознанијата за орбиталните елементи на Ананка се од јануари 2000 г.[1] Истите постојано се менуваат поради Сончевите и планетарните растројувања. Дијаграмот подолу ја прикажува орбитата на Ананка во однос на другите повратни неправилни Јупитерови месечини. Занесувањето на орбитите е претставено со жолти отсечки (кои се протегаат од перицентар до апоцентар). За упат е дадена и најнадворешната правилна месечина, Калиста.

Земајќи ги овие орбитални елементи и досега познатите физички особености, Ананка се смета за најголем остаток[7] од распарчување со кое е создадена Ананкината група.[8][9]

Физички особености

уреди

Во видливиот спектар, Ананка се јавува како неутрална до светлоцрвена (бојни показатели B-V=0,90 V-R=0,38).[9]

Во инфрацрвениот спектар, Ананка е слична на астероидите од типот P, но со можно присуство на вода.[10]

 
Повратните неправилни Јупитерови меечини.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Jacobson, R. A. (2000). „The Orbits of Outer Jovian Satellites“. Astronomical Journal. 120 (5): 2679–2686. Bibcode:2000AJ....120.2679J. doi:10.1086/316817.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Sheppard, S. S., Jewitt, D. C., Porco, C.; Jupiter's Outer Satellites and Trojans, in Jupiter: The Planet, Satellites and Magnetosphere, edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, William B. McKinnon, Cambridge Planetary Science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, ISBN 0-521-81808-7, 2004, pp. 263-280
  3. Nicholson, S. B. (1951). „An unidentified object near Jupiter, probably a new satellite“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 63 (375): 297–299. Bibcode:1951PASP...63..297N. doi:10.1086/126402.
  4. Nicholson, S.B. (April 1939). „S. B. Nicholson declines to name the satellites of Jupiter he has discovered“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 51 (300): 85–94. Bibcode:1939PASP...51...85N. doi:10.1086/125010.
  5. Marsden, B. G. (7 October 1974). „Satellites of Jupiter“. IAUC Circular. 2846.
  6. Payne-Gaposchkin, Cecilia; Katherine Haramundanis (1970). Introduction to Astronomy. Englewood Cliffs, N.J.: Prentice-Hall. ISBN 0-13-478107-4.
  7. Sheppard, S.S.; Jewitt, D.C. (2003). „An abundant population of small irregular satellites around Jupiter“ (PDF). Nature. 423 (6937): 261–263. Bibcode:2003Natur.423..261S. doi:10.1038/nature01584. PMID 12748634. Архивирано од изворникот (PDF) на August 13, 2006.
  8. Nesvorný, D.; Beaugé, C.; Dones, L. (2004). „Collisional Origin of Families of Irregular Satellites“. The Astronomical Journal. 127 (3): 1768–1783. Bibcode:2004AJ....127.1768N. doi:10.1086/382099.
  9. 9,0 9,1 Grav, Tommy; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; Aksnes, K. (2003). „Photometric survey of the irregular satellites“. Icarus. 166 (1): 33–45. arXiv:astro-ph/0301016. Bibcode:2003Icar..166...33G. doi:10.1016/j.icarus.2003.07.005.
  10. Grav, Tommy; Holman, Matthew J. (2004). „Near-Infrared Photometry of the Irregular Satellites of Jupiter and Saturn“. The Astrophysical Journal. 605 (2): L141–L144. arXiv:astro-ph/0312571. Bibcode:2004ApJ...605L.141G. doi:10.1086/420881.

Надворешни врски

уреди