Алувијална рамнина

Алувијална рамнина (од латински: alluvialis „нанос“) е претежно рамна форма на земјиштето создадена со таложење на речни наноси во долг временски период од една или повеќе реки кои доаѓаат од повисоки региони, при што се формира алувијална почва. Поплавна рамнина е дел од процесот на формирање на алувијални рамнини, и се однесува на помала површина која е поплавувана од реките во одреден временски период. За разлика од нив, алувијална рамнина е поголема површина од регионот каде што поплавните рамнини се преместиле во текот на геолошките времиња.

Поплавена рамнина (на средина) во рамките на алувијална рамнина во Нов Зеланд (дел од рамнините на Кантербери).

Тие настанале од акумулационите наноси на реките и нивната почва се состои од речни наноси (глина измешана со ситен песок) и лес. Речните корита во ваквите рамнини се плитки, па и при мало зголемување на водостојот, реките се излеваат и го поплавуваат околното земјиште. Денес поголемиот дел од алувијалните рамнини се заштитени од поплави и се претворени во обработливо земјиште.

Примери уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди