Женевjев Алисон Џејн Балард (моминско: Моје; англиски: Geneviève Alison Jane Moyet; родена на 18 јуни 1961 година) ― англиска пејачка препознатлива по нејзиниот моќен блуз-контраалт глас. Била член на дуото Yazoo, а потоа имала и соло-кариера.

Алисон Моје
Moyet singing
Алисон Моје на настап во Хановер, во 2011 година
Животописни податоци
Родено имеЖеневјев Алисон Џејн Моје
Познат(а) и какоAlf
Роден(а)18 јуни 1961(1961-06-18)(63 г.)
Билерикеј, Есекс, Англија
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
Период на активност1981–present
Издавачи
Мреж. местоalisonmoyetmusic.com

Моје продала 23 милиони албуми и преку два милиони синглови. Сите нејзини студиски и компилациски албуми се пласирале во топ-30 на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство, а два албума се искачиле на прво место.

Живот и кариера

уреди

Женевјев Алисон Џејн Моје[1] е родена на 18 јуни 1961 година во градот Билерикеј, Англија. Татко ѝ бил Французин, а мајка ѝ Англичанка. Детството го поминала во соседниот град Базилдон, каде што завршила средно училиште.[2] [3]

Во доцните седумдесетти Моје била член на неколку месни панк-рок групи од Есекс, како: The Vandals Screamin' Ab Dabs, Vicars и Little Roosters.[4]

Во 1982 година, Моје ја започнала нејзината професионална музичка кариера кога заедно со поранешниот член на Depeche Mode, Винс Кларк, го основала синтпоп-дуото Yazoo. Групата објавила два студиски албуми (Upstairs at Eric's и You and Me Both) и имала неколку хитови: „Only You", „Don't Go", „Situation" и „Nobody's Diary".[5]

Во 1983 година, Кларк одлучил да ја распушти групата Yazoo; Моје потпишала договор со CBS[6] и ја започнала соло-кариера. Во 1984 година, Моје го издала нејзиниот прв соло-албум Alf (насловен според нејзиниот прекар од панк-ерата). Албумот бил хит во Британија и се искачил на прво место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство.

Во 1985 година, Моје настапила на Live Aid заедно со Пол Јанг, а подоцна непланирано се вратила на сцената (заедно со Боб Гелдоф, Дејвид Боуви и Пит Таунсенд)[7] за да ја испее „Let It Be“.

Следната година, Моје имала уште еден голем хит во Велика Британија со песната „Is This Love?“ (конапишана од Дејв Стјуарт од Eurythmics).[8] Во 1987 година го издала нејзиниот втор албум Raindancing, по кој следел албумот Hoodoo објавен во 1991 година. Албумот Hoodoo добро се продавал, а Моје била номинирана за Греми награда[9] за песната „It Won't Be Long“.

Сепак, албумот Hoodoo, иако бил пофален од критичарите и нејзиниот следен албум Essex, не успеале да забележат успех. Поради долготрајните судски спорови со Sony, Моје не издала нов студиски албум за повеќе од осум години по објавувањето на Essex.[10]

Во август 2001 година, Алисон Моје дебитирала на театарската сцена во Вест Енд во Лондон со улога во претставата Чикаго.

Во август 2002 година, Моје била ослободена од нејзиниот договор со Sony; таа потпишала со Sanctuary Records и го издала албумот Hometime. Албумот бил продуциран од The Insects, кои исто така продуцирале дела за Massive Attack и за Мадона. По објавувањето албумот, Моје била меѓу првите пет пејачки во Обединетото Кралство со најголема продажба во 2002 година,[11] и била номинирана за BRIT награда за најдобра пејачка,[12] како и за музичката награда Меркјури.[13]

Voice, албум со преработки, бил објавен на 6 септември 2004 година, а по него следувале The Turn (2007), компилацискиот албум The Best of Alison Moyet (2009), Тhe Minutes (2013) и Other (2017).

 
Моје со ритам и блуз оркестарот на Џолс Холанд во театарот Аполо, Манчестер, декември 2010 година
 
Моје во Груеншпан Хамбург, септември 2013 година

На 10 ноември 2014 година, Моје го издала албумот во живо, Minutes and Seconds – Live, преземен од The Minutes Tour.

На 20 април 2018 година, Моје го издала нејзиниот втор албум во живо, The Other Live Collection, преземен од The Other Tour.

Дискографија

уреди
  • Alf (1984)
  • Raindancing (1987)
  • Hoodoo (1991)
  • Essex (1994)
  • Hometime (2002)
  • Voice (2004)
  • The Turn (2007)
  • The Minutes (2013)
  • Other (2017)

Наводи

уреди
  1. Lester, Paul (18 April 2013). „Alison Moyet: 'I smashed all my gold discs. There were hundreds'. Theguardian.com.
  2. 'I quite enjoy the invisibility of middle age'. Echo-news.co.uk. 27 October 2017. Посетено на 5 November 2017.
  3. „Alison Moyet gets honorary degree from South Essex College“. Echo-news.co.uk. 27 September 2011. Посетено на 16 March 2014.
  4. [1] [мртва врска]
  5. Алисон МојеAllMusic (англиски)
  6. Nix Lowrey (4 May 2011). „Alison Moyet Interviewed: Only You - The Story & End Of Yazoo“. The Quietus. Посетено на 29 December 2023.
  7. Richard Havers (12 July 2020). „Live Aid: The Day That United The World Through Music“. Udiscovermusic. Посетено на 29 December 2023.
  8. „ALISON MOYET Interview“. The Electricity Club. 10 June 2013. Архивирано од изворникот на 7 June 2014. Посетено на 16 March 2014.
  9. Ken Foster (14 January 2003). „Her aim is true“. Salon. Посетено на 29 December 2023.
  10. Brinn, David (23 February 2010). „All good things come to Alison Moyet“. The Jerusalem Post. Посетено на 28 September 2012.
  11. „Alison Moyet.com“. Alisonmoyet.com. Архивирано од изворникот на 7 February 2011. Посетено на 18 April 2012.
  12. „Brit Awards 2003: Winners“. BBC News. 21 February 2003.
  13. „Debut stars scoop Brits nominations“. BBC News. 19 February 2003.

Надворешни врски

уреди