Ален Стевановиќ
Ален Стевановиќ (роден на 7 јануари 1991 година, Швајцарија) е професионален српски фудбалер кој настапува како лево крило. Во моментов ги брани боите на клубот од првата лига на Србија, ФК ИМТ. Тој бил производ на младинската академија на Раднички од Обреновац. Ален Стевановиќ се прославил додека настапувал за составот на Торино. За српската репрезентација за прв пат настапил во 2012 година.
Почетокот на животот
уредиРодителите на Ален Стевановиќ се разделиле набргу по неговото раѓање во Цирих. Тој никогаш не го запознал својот биолошки татко. Веднаш по разделбата, кога Ален имал само три месеци, мајка му го донела во местото Бечмен, СР Србија за да продолжи да живее со неговите баба и вујко,[1] додека таа се вратила да престојува во Швајцарија. Ален, не можел да стигне до мајка си во Цирих бидејќи не успеал да добие виза за престој и можел да ја види само еднаш во текот на годината. Неговиот дедо, кој работел и во Швајцарија и набрзо се вратил во Белград, починал една година подоцна на 58-годишна возраст. До сезоната 2004-2005 година, како што самиот изјавил, бил лут на својот живот и тоа во голема мера го попречило почетокот на неговата професионална фудбалска кариера.[2] Тој се оженил со Дуња на 17 февруари 2013 година и на 20 ноември 2013 година станал татко на неговото прво дете со име Нева.[3] На 27 јули 2018 година станал татко по втор пат, кога неговата сопруга го родила синот Матеј.
Клупска кариера
уредиИнтер од Милано
уредиАлен Стевановиќ својата професионална кариера ја започнал во Србија, поточно во екипата на ФК Раднички од Обреновац.[4] На почетокот на 2009 година, му била договорена средба со италијанскиот шампион Интернационале (Интер од Милано), а по пристигнувањето во Милано на 9 јануари. Стевановиќ потпишал договор со клубот во месец февруари.[5]
Во ноември 2009 година, Стевановиќ заедно со младиот играч Џулио Донати, бил поставен во првиот тим за натпреварот против екипата на Ливорно во Купот на Италија, но останал неискористен бидејќи бил на клупата за резервни играчи.[6]
Тој подоцна отпатувал со првиот тим во Абу Даби, ОАЕ и во Саудиска Арабија во зимскиот тренинг камп.[7] Пријателскиот натпревар против екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија го одиграл како стартер на тимот.[8]
Поради повредите на Естебан Камбијасо, Сали Мунтари и Рене Крин, Стевановиќ се нашол во составот за прволигашкиот натпревар по зимската пауза, против екипата на Киево, но повторно не добил минутажа зошто останал на клупата за резервни играчи.[9]
Неколку дена подоцна, на 8 јануари 2010 година откако соиграчот Патрик Виера заминал во екипата на Манчестер Сити, Стевановиќ го одиграл својот прв натпревар во Серија А. Тоа бил натпреварот од 9 јануари на домашен терен против составот на Сиена. На тој натпревар, Ален влегол во игра како замена за соиграчот Тиаго Мота во 67 минута. Главниот тренер на Интер Жозе Мурињо ја направил таа замена како директен одговор на водството на екипата на Сиена со 3:2 на голот постигнат две минути претходно. До крајот, екипата на Интер успеала да направи пресврт во резултатот и да победи со 4:3 и тоа во судиското надополнување.[10]
Торино
уредиНа 22 јули 2010 година, Ален Стевановиќ заминал во тимот од Серија Б, во екипата на Торино за сума од два милиони евра. Тој, за новиот клуб за прв пат настапил во Копа Италија против екипата на Козенца. На тој натпревар врз него бил направен пенал. Тренерот на екипата на Торино, Франко Лерда, во текот на сезоната вкупно 8 пати го има ставано во екипата на лигашки натпревари и уште еднаш во натпревар од Купот на Италија.
Торонто ФК (како позајмен играч)
уредиНа 24 март 2011 година, Стевановиќ бил официјално претставен дека ќе му се приклучи на МЛС клубот ФК Торонто и тоа како позајмен играч.[11] Ален својот прв натпревар за клубот го имал на 26 март 2011 година во победата со 2:0 на домашен терен против составот наПортланд Тимберс.[12] По поразот од 1:0 на домашен терен на 18 јуни, од составот на ФК Сиетл Саундерс, во кој Стевановиќ го забележал својот прв настап како стартер по речиси период од еден месец, српскиот офанзивен играч за врска бил отповикан од тимот на Торино и тој веднаш требало да се врати во Италија.[13]
Враќање во Торино
уредиНа 21 јуни 2011 година, договорот за косопственост бил обновен за наредната сезона 2011–12. На 4 септември 2011 година, тој го постигнал својот прв гол како професионален фудбалер, обезбедувајќи му водство на клубот на Торино против составот на Варезе.[14] Сезоната ја завршил со 36 одиграни натпревари и 3 постигнати гола. На 22 јуни 2012 година, косопственоста врз него била повторно обновена. Неговиот нов договор со екипата на Торино важел до 30 јуни 2015.[15] На 26 август 2012 година, Ален Стевановиќ го одиграл својот прв натпревар во сезоната 2012–13, и тоа против екипата на Сиена.[16] На тој натпревар бил стартер во екипата. На 30 септември 2012 година, тој влегол во игра во 58 минута како замена за соиграчот Марио Сантана и го постигнал голот по центаршутот на Алесио Черчи. Тој натпревар екипата на Торино го играла против составот на Аталанта. Резултатот бил 1:5 во корист на екипата на Стевановиќ.[17]
На 19 јуни 2013 година, по 15 настапи и 2 гола во Серија А, договорот за косопственост бил решен во корист на екипата на Торино.[18]
Како позајмен играч во екипите на Палермо, Бари и Специја
уредиНа 11 јули 2013 година, тој се преселил во екипата на Палермо како позајмен играч со право на откуп на договорот за косопственост,[19] кој бил финализиран наредниот ден.[20] Својот прв натпревар во дресот на популарните росанеро (розови), го одиграл на 11 август 2013 година во второто коло од Купот на Италија, во победата од 2:1 над екипата на Кремонезе, играјќи како стартер.[21] На 3 мај 2014 година, по победата против екипата на Новара од 1:0 на гостински терен составот на Палермо бил промовиран во Серија А - на пет натпревари до крајот на сезоната. Ален, сезоната ја завршил со 21 одигран натпревар и еден постигнат гол во Купот на Италија.
На 24 јули 2014 година тој бил со статус на позајмен играч во составот на Бари, со можност за откуп на договорот.[22] Во месец јануари 2015 година, Стевановиќ бил отповикан од екипата на Торино и веднаш испратен како позајмен играч во составот на Специја од каде како замена требало да пристигнат во екипата на Торино за напаѓачот Осаримен Ебагуа и играчот од средниот ред Пасквал Скиатрела.[23]
Партизан
уредиНа 31 август 2015 година, Ален Стевановиќ му се приклучил на составот на Партизан од екипата на Торино и тоа на слободен трансфер, потпишувајќи тригодишен договор. Го добил дресот со број 91. Два дена подоцна тој бил официјално претставен на стадионот на Партизан. На 12 септември 2015 година, Ален Стевановиќ го одиграл својот прв официјален натпревар за клубот во вечното дерби против екипата на Црвена ѕвезда од Белград и го постигнал израмнувачкиот гол за екипата на Партизан.[24] На 1 октомври 2015 година, тој го одиграл својот прв натпревар за составот на Партизан во натпреварувањата на УЕФА во групната фаза од Лига Европа во победата 1:3 на гостински терен над составот на Аугсбург.[25] Тој го постигнал водечкиот гол за екипата на Партизан на 14 октомври 2015 година против составот на Радник од Сурдулица во нерешениот натпревар од 2:2 на гостински терен.[26] Ален одиграл вкупно 3 натпревари во групната фаза на УЕФА Лигата на Европа 2015–16.
На 2 март 2016 година, Стевановиќ постигнал гол во четвртфиналето на Купот на Србија против екипата на Раднички од Ниш во победата од 2:0 на домашен терен.[27]
Шонан Белмар
уредиНа 29 декември 2016 година, потпишал двегодишен договор со екипата на Шонан Белмар.[28] На 10 септември 2018 година, тој официјално го раскинал договорот со екипата на Белмар и тоа со заедничка согласност.[29]
Висла Плок
уредиАлен Стевановиќ официјално му се приклучил на полскиот клуб Висла од Плок на 12 февруари 2019 година со потпишан договор со траење на една година и половина.[30] На 27 јули 2019 година се појавила вест дека Стевановиќ бил исклучен од првиот тим. Портпаролот на клубот објаснил дека Ален прекршил одредени правила на клубот, без дополнителни коментари за што станува збор, но неговиот договор не бил раскинат.[31] Подоцна било откриено дека причината зошто тој бил исклучен е тоа што не се појавил на тренингот пред натпреварот против екипата на Лех од Познањ. Истото тоа веќе се случило и двапати претходно во истиот клуб. Сепак, тој се вратил на тренинзите со првиот тим на помалку од две седмици подоцна.[32]
На 19 август екипата на Висла потврдила дека поднеле барање до Комората за решавање на спортски спорови за раскинување на договорот со Ален Стевановиќ.[33] На 30 август било пријавено дека Стевановиќ едноставно исчезнал и по четврти пат, не се појавил на тренинг. Никој не знаел ниту нешто слушнал за него во тој момент.[34] Претседателот на клубот тогаш изјавил дека „овојпат нема можност да се врати во екипата и дека само чекаат да биде прифатено барањето за раскин на договорот“.
Репрезентација
уредиНа 3 март 2010 година, тој го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија У-21 и тоа против селекцијата на Македонија.
На 12 октомври 2012 година, Ален бил повикан во сениорската репрезентација на Србија од страна на тренерот Синиша Михајловиќ. За сениорската репрезентација за прв пат настапил кога го заменил својот соиграч Зоран Тошиќ, во 67 минута од натпреварот против селекцијата на Белгија. Тоа бил натпревар од квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2014 година. На тој натпревар репрезентацијата на Србија го загубила дуелот.[35] На 22 март 2013 година, Ален Стевановиќ бил првпат во стартниот состав на српската репрезентација во својата кариерата. Тоа бил натпревар против репрезентацијата на Хрватска, одигран на стадионот Максимир.[36]
Статистика во кариерата
уредиКлупска статистика
уреди- Обновено на 23 мај 2015[37]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Европски натпревари | Други натпревари | Вкупно | Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Интер од Милан | 2009–10 | Серија А | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | |||||||||||
Торино | 2010–11 | Серија Б | 8 | 0 | 2 | 0 | - | - | 10 | 0 | |||||||||||||
Торонто (како позајмен играч) | 2011 година | МЛС (канадска лига) | 12 | 0 | - | - | - | 12 | 0 | ||||||||||||||
Торино | 2011–12 | Серија Б | 34 | 3 | 2 | 0 | - | - | 36 | 3 | |||||||||||||
2012–13 | Серија А | 15 | 2 | 2 | 0 | - | - | 17 | 2 | ||||||||||||||
Палермо (како позајмен играч) | 2013–14 | Серија Б | 21 | 0 | 1 | 0 | - | - | 22 | 0 | |||||||||||||
Бари (како позајмен играч) | 2014–15 | Серија Б | 16 | 1 | 0 | 0 | - | - | 16 | 1 | |||||||||||||
Специја (како позајмен играч) | 2014–15 | Серија Б | 9 | 1 | - | - | - | 9 | 1 | ||||||||||||||
ФК Партизан | 2015–16 | Српска Суперлига | 20 | 3 | 5 | 1 | 3 | 0 | 0 | 0 | 28 | 4 | |||||||||||
2016–17 | Српска Суперлига | 17 | 2 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 19 | 2 | ||||||||||||
Вкупно во кариерата | 153 | 12 | 13 | 1 | 4 | 0 | 0 | 0 | 170 | 13 |
Меѓународна (репрезентативна) статистика
уредиОбновено на 18 декември 2013 година
Репрезентација на Србија | ||
---|---|---|
Година | Натпревари | Голови |
2012 година | 1 | 0 |
2013 година | 2 | 0 |
Вкупно | 3 | 0 |
Признанија
уредиКлупски признанија
уреди- Палермо
- Освоена е Серија Б: 2013–14
- Партизан
- Освоена е Српската Суперлига: 2016–17
- Освоен е Купот на Србија: 2015–16, 2016–17
Наводи
уреди- ↑ Alen Stevanović, mladić bez kluba u Srbiji, u Interu: Murinjov dar srpskom tinejdžeru za rođendan Архивирано на 13 јануари 2010 г.; Blic, January 12, 2010
- ↑ Liotta, Christian (29 December 2011). „Stevanovic racconta: 'Mi stavo buttando via, ora...'“. tuttomercatoweb.com (италијански). Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „E' Nata Neva Stevanović“. palermocalcio.it (италијански). 18 February 2013. Архивирано од изворникот на 16 January 2014. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 24 January 2018. Посетено на 23 January 2018.
- ↑ „Academy ins and outs“. inter.it. 2 February 2009. Архивирано од изворникот на 2012-10-03. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ „Tim Cup: Inter 1–0 Livorno“. inter.it. 16 December 2009. Архивирано од изворникот на 2010-01-22. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ „Inter set for winter break training camp“. inter.it. 28 December 2009. Архивирано од изворникот на 2010-01-01. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ „Milito scores winner as Inter edge Al Hilal“. inter.it. 2 January 2010. Архивирано од изворникот на 2010-01-06. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ „Chievo-Inter: three youngsters with first team“. inter.it. 5 January 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ „Serie A: Inter 4–3 Siena“. inter.it. 9 January 2010. Архивирано од изворникот на 2010-01-11. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ „Toronto FC Signs Stevanovic And Plata | Toronto FC“. Torontofc.ca. 24 March 2011. Архивирано од изворникот на 2 May 2011. Посетено на 2011-06-19.
- ↑ „Martina Brace Leads The Way“. Toronto FC. 26 March 2011. Архивирано од изворникот на 7 April 2012. Посетено на 26 March 2011.
- ↑ „Stevanovic Heads back to Italy“. Toronto FC. 19 June 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-20. Посетено на 19 June 2011.
- ↑ Turco, Fabrizio (4 September 2011). „All'Olimpico Stevanovic e Sgrigna regalano al Toro vittoria e primato“. la Repubblica (италијански). Посетено на 24 July 2014.
- ↑ Cavasinni, Alessandro (22 June 2012). „Definito il futuro di Crisetig, Caldirola e Stevanovic“. tuttomercatoweb.com. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Siena-Torino 0-0“. torinotoday.it. 26 August 2012. Посетено на 23 March 2016.
- ↑ „Atalanta-Torino 1-5, è festa granata“. repubblica.it. 30 September 2012. Посетено на 23 March 2016.
- ↑ „Torino FC Official Site“. Архивирано од изворникот на 22 June 2013.
- ↑ „Acquistato Stevanovic Dal Torino“. palermocalcio.it. 11 July 2013. Архивирано од изворникот на 30 January 2016. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Tutti i trasferimenti: Palermo“. legaserieb.it. 2014. Архивирано од изворникот на 5 August 2014. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Palermo-Cremonese - Tim Cup Secondo turno eliminatorio“. palermocalcio.it. 11 August 2013. Архивирано од изворникот на 2 October 2013. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Stevanovic al Bari“. torinofc.it (италијански). Torino Football Club. Посетено на 23 July 2014.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 13 January 2015. Посетено на 8 July 2015.
- ↑ „Trijumf Zvezde u večitom derbiju za +8“. b92.net (српски). 12 September 2015. Посетено на 2 March 2016.
- ↑ „Ten-man Partizan power to Augsburg win“. uefa.com (англиски). 1 October 2015. Посетено на 2 March 2016.
- ↑ „KRAJ: Radnik - Partizan 2:2, Surdulica gori, Stanković doneo bod domaćinu!“. mozzartsport.com (српски). 14 October 2015. Посетено на 2 March 2016.
- ↑ „Još samo dve prepreke do trofeja“. bellmare.co.jp (јапонски). 29 December 2017. Архивирано од изворникот на 9 June 2020. Посетено на 2 March 2016.
- ↑ アレン ステバノヴィッチ選手 パルチザン・ベオグラードより完全移籍加入のお知らせa. bellmare.co.jp (јапонски). 29 December 2017.
- ↑ アレンステバノヴィッチ選手 契約解除のお知らせ. bellmare.co.jp (јапонски). 10 September 2018.
- ↑ Oficjalnie: Alen Stevanović w Wiśle Płock. To były podopieczny Jose Mourinho z Interu Mediolan, sportowefakty.wp.pl, 12 February 2019
- ↑ Wisła Płock. Alen Stevanović odsunięty od zespołu i zawieszony, sport.interia.pl, 27 July 2019
- ↑ Wisła Płock. Alen Stevanović przywrócony do pierwszego zespołu, sport.interia.pl, 7 August 2019
- ↑ Przegiął nawet przy standardach Ekstraklasy. Alen Stevanović wyleci z Wisły Płock!, futbolnews.pl, 19 August 2019
- ↑ POWSTAŁA WYRWA PO SERBIE, przegladsportowy.pl, 30 August 2019
- ↑ „Serbia Belgium 0-3“. fifa.com. 2016-10-12. Архивирано од изворникот на 19 May 2014. Посетено на 2016-03-09.
- ↑ „Croatia Serbia 2-0“. fifa.com. 2016-03-22. Архивирано од изворникот на 19 May 2014. Посетено на 2016-03-09.
- ↑ https://int.soccerway.com/players/alen-stevanovic/111494/
Надворешни врски
уреди- Alen Stevanović – Профил на службената страница на ФИФА
- Ален Стевановиќ на National-Football-Teams.com