Александар Цане Јовановски

Александар Цане Јовановски (28 ноември 1931, Битола, Македонија27 јуни 2019, Загреб, Хрватска) — македонско-хрватски вајар.[1]

Александар Цане Јовановски
Роден 28 ноември 1931
Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 27 јуни 2019(2019-06-27) (возр. 87)
Загреб, Хрватска
Националност Македонец, Хрват
Народност Македонец
Занимање вајар
Споменикот на Стив Наумов пред Офицерскиот дом во Битола, дело на Александар Јовановски

Животопис

уреди

Основно училиште завршил во Битола, средно уметничко училиште во Скопје.

Ликовна академија завршил во Загреб, Хрватска.

Главно, целата творечка кариера ја поминал во Хрватска, каде што и живеел. Најактивен творечки период имал во седумдесеттите години на минатиот век, кога создал бројни дела особено во Битола.

Творечка кариера

уреди

Неговото вајарско творештво се развива во три основни насоки.

Вајарска активност која е негово творечко слободно, поединечно изразување и кое ги продолжува ликовните традиции на вајарскиот импресионизам и Огист Роден.

Втората насока е изработка на дела, често и со монументален карактер - најчесто реализирани во Битола: споменикот на народниот херој Стив Наумов, споменикот на бугарскиот затвор кај Црн мост како и над дваесетина бисти на партизани и народни херои поставени во Градскиот парк во Битола.

Третата негова вајарска насока е изработка на впечатливи надгробни споменици и скулптури изработени во еден слободен реализам и најчесто поставени на гробиштата во Мирогој во Загреб.

Од неговата прва стилска преокупација највпечатливи се бистите на композиторите: Бетовен, Хектор Берлиоз, Стеван Мокрањац, Петар Илич Чајковски и Игор Стравински. Делата се снажни, уметнички впечатливи и во корелација со европската вајарска традиција. Интересно е и тоа што периодот кога се создадени, почеток на седумдесеттите години, ја изработува бистата на композиторот Игор Стравински кој што во тој период станува познат во музичките центри: Белград и Загреб, што претставува еден своевиден феномен за музичкиот живот во Битола. Денес, бистите се изложени во Галеријата на современата ликовна уметност во битолскиот музеј. Поради неговото отсуство од македонската творечка сцена, неоправдано е занемарен, неговиот творечки и вајарски опус спаѓа во врвот на македонското вајарско творештво.[2].

Наводи

уреди
  1. izložbe Aleksandra-Cane Jankulovskog[мртва врска]
  2. Ѓорески, Владо (2013). „Шесте бисти на академскиот вајар Александар - Цане Јовановски“ (PDF). Зборник на трудови, бр 17, стр 207. НУ Завод и музеј Битола. Посетено на 25 март 2022.