Црн мостмост на реката Драгор во Битола. Се наоѓа во горниот, западен дел на градот Битола, близу населбите Довлеџик, Девејани, Маџар Маало и Баир. Од Црн Мост низводно надолу започнува уреденото ѕиданот корито и кеј на реката Драгор низ Битола. Во неговата близина се наоѓа и затворот во Битола. Мостот е отворен за сообраќај на моторни возила и по него минува булеварот „1 Мај“. Од неодамна со градежни зафати е обновен и проширен. На 6 септември 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. Обласниот централен затвор бил отворен во јули 1942 година во близината на Црн Мост каде биле затворани политички затвореници од целата битолска околија.

Црн мост
Поглед на Црн мост од блиската раскружница
Координати41°01′56″N 21°19′21″E / 41.032318° СГШ; 21.322582° ИГД / 41.032318; 21.322582
Носипешаци
ПреминуваДрагор
МестоБитола
Официјален називЦрн мост
Особености
Ширина6 м
Местоположба
Карта