Галерија на академијата

(Пренасочено од Академија (Венеција))

Галеријата на академијата (италијански: Gallerie dell'Accademia) — музеј и галерија во градот Венеција, Италија. Музејот се наоѓа на јужниот брег од Големиот канал, во населбата Дорсодуро, кај истоимениот мост.

Галерија Академија
Gallerie dell'Accademia
Поглед кон објектот
Карта
Општи податоци
ГрадВенеција
ЗемјаИталија
Технички податоци
Големинаwww.gallerieaccademia.it
Витрувиев човек

Музејската колекција опфаќа дела од XIV век до XVIII век. Денеска оваа галерија е една од најголемите туристички атракции во градот. Во текот на 2008 година, галеријата имала 356.191 посетители[1].

Историја

уреди

Венецијанската уметничка академија (L'Accademia di Belle Arti di Venezia) била основана во 1750 година од страна на венецијанскиот сенат како венецијанско училиште или академија за сликарство и архитектура. Прв претседател на академија бил сликарот Џамбатиста Пјазета.

Целта на создавањето на академијата била да се носи со веќе отворените уметнилки училишта кои опстојувале во останатите италијански градови, како Рим (Свети Лукина акадмеија), Фиренца (Ликовна академија), Милано и Болоња. Венецијанската академија била првата уметничка школа која од 1777 година започнала со реставрирање на уметничките дела. Тој сектор бил раководен од страна на Пјетро Едвардс. Професори на самата академија биле едни од најпознатите сликари од ова време како Џовани Батиста Тјеполо, Франческо Ајец, Алберто Вијани, Карло Скарпа.

Името на училиштето било променето во 1807 година во „Кралска уметничка академија“, со налог на Наполеон Бонапарт, кој ја окупирал Венеција и време кога академијата била пренесена на местото каде се наоѓа и денес. Во времето на наполеонското владеење на градот, голем дел од институциите биле преименети. Наполеон конфискувал голем број на имоти, а објектите како Скола дела Карита, Конвенто деи Каноничи Латеранеси и црквата Санта Марија дела Карита станале простории на самата академија.

Колекција

уреди

Музејот денеска поседува најголама колекција од венецијанското сликарство на светот, но поседува и некои дела од останатите големи италијански сликари.

Напознати дела кои се наоѓаат во галеријата се делата на Џовани Белини и Џентиле Белини, Бернардо Белото, Пацина ди Бонакида, Џовани Батиста Тјеполо, Андреа Мантења, Тицијан Вечели, Паоло Веронезе, Џорџо Вазари и други.

Едно од најпопуларните дела кој се наоѓа во галеријата е „Витрувиев човек“ на Леонардо да Винчи.

Наводи

уреди
  1. „Touring Club Italiano - Dossier Musei 2009“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-09-22. Посетено на 2011-03-18.