Адам Џонсон (роден на 14 јули 1987 година) — англиски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Адам Џонсон
Лични податоци
Роден на 14 јули 1987(1987-07-14)(36 г.)
Роден во Сандерленд, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција крило
Повлекување 2016
Младинска кариера
Мидлсбро Мидлсбро
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2010 Мидлсбро Мидлсбро 96 (13)
2006Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 5 (0)
2007Вотфорд Вотфорд 12 (5)
2010-2012 Манчестер Сити Манчестер Сити 73 (11)
2012-2016 Сандерленд Сандерленд 122 (19)
Репрезентација
2007-2009 Англија Англија 21 19 (3)
2010-2012 Англија Англија 12 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 26 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

На 24 март 2016 бил осуден на шест години затвор за педофилија, откако признал дека имал сексуални акти со малолетна девојка. Бил пуштен во март 2019, по одлежување на половина од пресудата.

Кариера уреди

Клупска кариера уреди

Како производ на фудбалската академија на Мидлсбро, тој го направил своето деби за клубот на само 17 години во натпревар од Купот на УЕФА. Тој одиграл вкупно 119 натпревари за Мидлзборо, и играл на заем во Лидс Јунајтед и Ватфорд. Во 2010 година тој потпишал за Манчестер Сити со кого станал шампион на Англија во сезоната 2011-2012. Но, престојот во Манчестер му поминал повеќе на клупата за резервни играчи отколку на теренот и малата минутажа го натерала да го напушти клубот веднаш по завршувањето на шампионската сезона. Во летото 2012 тој се вратил во својот роден град каде потпишал за Сандерленд за сума од 12 милиони £.

На 2 март 2015 година бил уапсен под обвинение дека имал секс со малолетна девојка, меѓутоа веќе следниот ден бил ослободен со кауција. Иако бил суспендиран на некое време, Џонсон сепак продлолжил да игра за Сандерленд.

На 12 февруари 2016 година се признал за виновен по едно од обвиненијата за сексуална злоупотреба на малолетничка. Само неколку часа потоа бил отпуштен од Сандерленд.

На 2 март 2016 година судот го изрекол за виновен за обвинението за сексуални прекршоци, меѓутоа во истото време го прогласиле за невин по друго обвинение за сексуален акт со 15-годишното девојче. Доделена му била казна затвор од 6 години. Во април 2016 бил притворен во затворот ХМ Моланд во близина на Донкастер. На 22 март 2019, Џонсон бил пуштен откако одлежал половина од својата казна.[1]

Репрезентативна кариера уреди

Тој играл за различни возрасни категории за Англија, и има 12 настапи за сениорската селекција.

Титули уреди

  Манчестер Сити уреди

Наводи уреди

  1. „Adam Johnson: Ex-Sunderland and England star released from jail“. BBC News. 22 March 2019.
  2. 2,0 2,1 2,2 „A. Johnson“. Soccerway. Perform Group. 19 April 2016.

Надворешни врски уреди