Август Бурнонвил
Август Бурнонвил (August Bournonville, 21 август 1805; Копенхаген, Данска - 30 ноември 1879; Копенхаген) бил дански танчар, кореограф, и режисер на Данскиот кралски балет за речиси 50 години. По студирањето и изведбите во Париз и Копенхаген, тој станал режисер и кореограф во Данскиот кралски балет во 1830 година, каде што продолжил да танцува сè до 1848 година. Тој го основал данскиот стил, окарактеризиран со бравура, танцување и експресивни мимики. Многу од неговите балети се засновани на набљудувањата што ги правел за време на турите, на пример во „Неапол“ (1842 година) — инспириран од патувањето во Италија.
Август Бурнонвил | |
---|---|
Август Бурнонвил, портрет (1828) | |
Роден(а) | Антоин Август Бурнонвил 21 август 1805 Копенаген, Данска |
Починал(а) | 30 ноември 1879 Копенхаген, Данска | (возр. 74)
Почивалиште | Гробишта Асистенс, Копенаген, Данска |
Живеалиште | Фреденсборг, Данска |
Националност | Данец |
Занимање | Балетан Кореограф |
Познат(а) по | Бурнонвилов метод |
Вера | Христијанство |
Користена литература
уреди- Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.