Абинск
Абинск ( руски: Абинск) е град на југот на европскиот дел на Руската Федерација. Сместен е во југозападниот дел на Краснодарскиот Крај и административно припаѓа на нејзиниот Абинскиот реон, кој е исто така административен центар.
Според податоците на Националната статистичка служба на Руската Федерација за 2017 година, во градот живееле 37 749 жители.
Географија
уредиГрадот Абинск се наоѓа во југозападниот дел на Краснодарскиот Крај. Сместен е на југозападниот раб на алувијалната Закубанска рамнина, односно на местото каде што рамнината постепено преминува во ридската област на северните подножје на Големиот Кавказ, на надморска височина од околу 40 метри. Низ градот тече реката Абин, притока на вештачкото Варнавинско езеро и дел од басенот на реката Кубањ. Градот се наоѓа на околу 80 километри југозападно од покраинската престолнина Краснодар, односно околу 12 километри источно од Кримск, седиштето на Кримскиот реон.
Делот од магистралата А146, што го поврзува Краснодар со Новоросијск на брегот на Црното Море и железничката пруга по истата релација, минува низ градот.
Историја
уредиВо 1834 година била изградена тврдината Абин, руска воена тврдина изградена на местото на некогашниот адигејски аул (тврдинско село), што се смета за претходник на современата населба. Самата тврдина не траела долго и набргу била напуштена, а на нејзино место во 1863 година азовските козаци ја изградиле својата населба, станицата Абинскај .
Во декември 1962 година станицата Абинскаја добила официјален статус на полуурбано работничко гратче и го добила името Абински, а помалку од една година подоцна добила статус на град и ново име - Абинск.
Демографија
уредиСпоред податоците на Националната статистичка служба на Русија, во градот Абинск во 2010 година регистрирани се 34 928 жители, што е зголемување во споредба со претходниот попис од 2002 година за нешто повеќе од илјада жители. Според проценките на истата служба за 2017 година, бројот на жители во градот се зголемил на 37 749 жители.[1]
1959 година | 1970 година | 1979 година | 1989 година | 2002 година | 2010 година | 2017 година |
---|---|---|---|---|---|---|
14 750 | 21 222 | 25 251 | 29 182 | 33 734 | 34 928 | 37 749 |
Според податоците од јануари 2017 година, градот Абинск се наоѓал на 419-то место меѓу 1 112 официјални градови на Руската Федерација.
Поврзано
уреди- Краснодарски крај
- Абински реон
- Абин
- Список на градови во Русија
Користена литература
уреди- ↑ „Численность населения Российской Федерации по муниципальным образованиям на 1 января 2017 года“. Архивирано од изворникот на 2017-07-31. Посетено на 2021-02-04.