Ќулахли (Серско)

(Пренасочено од Ќулехли)

ќулахли или Ќулехли (грчки: Κορυφούδι, Корифуди; до 1927 г. Κιουλιχλή, Ќулихли[2][3]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[4]

Ќулахли
Κορυφούδι
Ќулахли is located in Грција
Ќулахли
Ќулахли
Местоположба во областа
Ќулахли во рамките на Синтика (општина)
Ќулахли
Местоположба на Ќулахли во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°10.51′N 23°6.27′E / 41.17517° СГШ; 23.10450° ИГД / 41.17517; 23.10450
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&1000000000000002400000024 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно22
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа на западниот брег на Бутковското Езеро, јужно од Бутково. Југоисточно над селото се наоѓа манастирот „Св. Ѓорѓи“.[5]

Селото се делело на Горно и Долно Ќулахли, кои во извесен период се попишувале одделно.[4]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX и почетокот на XX век Ќулахли било село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кулахлии (Kulahlii) било село со 19 домаќинства сочинети од 42 жители муслимани.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото Ќулакли броело 80 жители, сите Турци.[7]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. Горно Ќулахли е попишано со 163, а Долно со 85 жители. Во 1920 г. маалата се попишани заедно со 166 лица[4] и веќе не се сметаат за одделни. Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Така, во 1928 г. Ќулахли е претставено како чисто дојденско попишан 101 жител (30 семејства).[8]

Во 1940 г. во селото живееле 88 лица. Според Тодор Симовски, селото е напуштено во Втората светска војна, и тој смета дека селаните најверојатно се преселиле во Бутково.[4] Судсјќи по статистиките, селото веројатно е обновено во 1990-тите, така што во 2001 г. веќе се води како постоечко со 49 жители.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 88 49 23
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 191, 193. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. „Ἱερὰ Μητρόπολις Σιδηροκάστρου“. Οἰκουμενικόν Πατριαρχεῖον. Посетено на 21 март 2020.
  6. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012