Љубомир Чапаровски

Љубомир Чапаровски (8 март 1938, Галичник - 10 август 1999, Скопје) — интернист-ревматолог, редовен професор, директор на Клиниката за ревматологија во Скопје.[1]

Љубомир Чапаровски
Роден 8 март 1938
Галичник, Македонија Македонија
Починал 10 август 1999
Скопје, Македонија
Занимање универзитетски професор, интернист

Животопис

уреди

Роден бил во селото Галичник, каде учел само во првото одделение од основно образование, а другите одделенија како и гимназија завршил во Скопје. Во есента 1954 година од страна на Црвен крст на Македонија бил испратен на едномесечен курс на островот Локрум кај Дубровник. Во 1963 година ги завршил студиите по медицина на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1964 година работел во Интерната клиника во Скопје. Специјализација учел во Осло, Копенхаген, Стокхолм, Малме, Лондон, Единбург и Даблин.[1]

Од декември 1980 до 1998 година бил директор на Ревматолошката клиника во Скопје, бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје во периодот од 1994 до 1996 година, а бил и член на Европската и Светската лига против ревматизмот.[1]

Објавил преку 300 трудови во земјата и во странство, а добитник е на повеќе признанија во СФРЈ и Република Македонија, како и на францускиот Орден „Palme academique“ и италијанскиот „Comendatore dela R. Italiana“. Бил прогласен за почесен професор на Унизверзитетот во Кејптаун.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​97-100