Љубомир Бранѓолица

Љубомир Бранѓолица (Херцег Нови, 19 август 1932 - Скопје, 23 јули 2023) — македонски композитор и автор на филмска музика[1].

Во 1946 се запишува во Военото музичко училиште во Загреб. Своето средно музичко образование го завршува во Риека.

Од 1950 до 1954 година работи во Уметничкиот ансамбл на ЈНА во Белград. Во Република Македонија доаѓа во 1954 и работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје. Од 1957 е корепетитор во Балетот при Македонскиот народен театар, а потоа добива статус на слободен уметник до 1966 година, кога се вработува во Македонската радио-телевизија како продуцент музички работник и уредник на Музичката програма на Македонската телевизија. Во меѓувреме дејствува како пијанист и како балетски критичар.

Како автор на филмска музика, дебитира во 1964 година, со музиката за документарниот филм „Кеј 13 Ноември“, по што следува негово учество и во други документарни и играни филмови.

Композиторот Љубомир Бранѓолица ја доби наградата за животно дело "Трајко Прокопиев", која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.

На 18 март 2006 година Композиторот Љубомир Бранѓолица ја добива и наградата за животно дело "Трајко Прокопиев", која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија[2].

Наводи

уреди
  1. „БРАНЃОЛИЦА, Љубомир“. Архивирано од изворникот на 2020-10-22. Посетено на 2021-02-04.
  2. Балетското творештво на Љубомир Бранѓолица