Батајница
Батајница е градска населба на крајниот северозападен дел на Белград, која се наоѓа на територијата на градската општина Земун. Припоена е кон Белград во 1972 година, до кога била село во Срем. Последните децении од типично рамничарско село од војводински тип, со претежно земјоделска дејност, Батајница станала населба од мешан тип и со повеќекратно зголемено население. Според пописот од 2011 година, во Батајница живееле околу 48.600 жители.