Љубица Стефова Богеска ( 1923 во Кичево1944 во Ракле, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Љубица Богеска
Родена 1923 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починала февруари, 1944 година
Убиена од Бугарите
Националност Македонка

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште, завршила и три класа женска занаетчиска школа. По занимање била шивачка. За време на окупацијата, од членовите на своето потесно семејство имала можност да се запознае со народноослободителното движење. Во текот на 1942 година станала член на СКОЈ, а во пролетта 1943 година активно се вклучила во групата која ги вршела подготовките за испраќање партизани, собирала храна и била една од работничките кои го извезале знамето за Кичевско - мавровскиот партизански одред. Како напредна младинка, стапила во НОВ на Македонија во септември 1943 година во Групата баталјони, а потоа станала борец во Првата македонско - косовска бригада. Со Бригадата заминала во Егејска Македонија, но по борбата кај Богомила се нашла во групата што останала отцепена од Бригадата и била убиена од бугарските фашисти кај селото Ракле (Прилепско) во февруари 1944 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 44.