Љубе Пота
Љубе Пота (3 декември 1918, Крушево - 30 јули 2015, Скопје) — македонски архитект, пионер во неговата бранша во современа Македонија.
Љубе Пота | ||
Роден | 3 декември 1918 Крушево, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 30 јули 2015 Скопје, Македонија | |
Занимање | архитект |
Животопис
уредиПота е роден на 3 декември 1918 година во Крушево. Дипломирал во 1948 година на Архитектонскиот отсек при Техничкот факултет во Белград на тема Урбанистички план на Тетово кај професор Михајло Радованович. Урбанистичката кариера ја започнал во 1948 година како шеф на Одделот за урбанизам во Министерството за Комунални работи на Македонија. Во 1964 година би назначен за директор на новоформираната Управа за урбанизам на Скопје каде што работел до 1968 година, а пота бил назначен за советник на претседателот на градот, функиција што ја извршувал до 1978 година кога е именуван за подсекретар во министерството за урбанизам. Од 1980 до 1986 година ја извршувал функцијата проект менаџер на ОН во проектот Генерален план на Никозија, Кипар. Како ехперт на Обединетите Нации работел во земијте во Јужна и Средна Америка. Пота соработувал и со јапонскиот архитект Кензо Танге во изработка на Деталниот Урбанистички План за центарот на Скопје. Починал во Скопје на 30 јули 2015 година.[1]