Интертекстуалност
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Интертекстуалност е обликување на значењата на текстовите преку други текстови. Може да се однесува на позајмување на авторот и трансформација на претходен текст или на упатување на читателот кон еден текст, читајќи друг. Терминот -„интертекстуалност“ беше позајмен и менуван многупати откако го измисли постструктуралистот Јулија Крстева во 1966. Како што критичарот Вилјам Ирвин вели, терминот настанал за да има исто толку значања колку корисници, од оние верни на оригиналната визија на Крстева, до оние што го користат како модерен начин на зборување за алузија и влијание.
Интертекстуалност и постструктурализам
уредиКованицата „интертекстуалност“ на Крстева е обид да се синтетизира структуралистичката семиотика на Фердинанд де Сосир - неговите студии за тоа како знаците го добиваат своето значење во структурата на еден текст - со дијалогизмот на Бахтин - неговите испитувања на повеќето значања или „хетероглосија“ во секој текст (посебно во романите) и збор. За Крстева (69) „поимот интертекстуалност го заменува поимот интерсубјективност“ кога сфаќаме дека значењето не е директно пренесено од писателот до читателот, туку тоа е настанато или филтрирано од „кодовите“ што им се познати на авторот и читателот од други текстови. На пример, кога го читаме Џојсовиот роман Уликс, тоа го дешифрираме како книжевен модернистички експеримент, одговор на епската традиција, како дел од некој друг дискурс, или од сите овие дискурси наеднаш. Овој интертекстуален поглед на литературата, како што покажа Роланд Барт, го поддржува концептот дека значењето на едно уметничко дело не лежи во него туку во гледачите. Поновата пост-структуралистичка теорија, како што е формулирана во Бекет и Данте: интертекстуалноста во прозата и критиката на Даниела Касели, ја преиспитува „интертекстуалноста“ како производ од текстови, а не како серии на врски помеѓу различни текстови. Некои постмодернистички теоретичари сакаат да зборуваат за врската помеѓу „интертекстуалноста“ и „хипертекстуалноста“; интертекстуалноста го прави секој текст „жив пекол во пеколот на земјата“ (Крстева 66) и дел од поголем мозаик на текстови, исто како што секој хипертекст може да биде интернет врска и дел од целата светска комуникациска мрежа.
Исто така, постои и разлика помеѓу поимите „интертекст“, „хипертекст“ и „супертекст“. Да го земеме како пример Хазарскиот речник од Милорад Павич. Како интертекст вклучува цитати од светите книги на Абрахамските религии. Како хипертекст се состои од врски за различни статии, како и секоја поединечна траекторија на читање. Како супертекст ги комбинира машките и женските верзии, како и три мини речника во секоја од тие верзии.
Интертекстуалност и поврзани термини
уредиНекои критичари се жалеле дека присутноста на поимот „интертекстуалност“ во постмодернистичката критика ги помеша поврзаните термини и важните нијанси. Ирвин (227) смета дека интертекстуалноста ја потисна алузијата како предмет на книжевните студии и дека недостига јасна дефиниција на терминот. Линда Хачион тврди дека претераниот интерест за интертекстуалноста ја занемарува улогата на авторот, бидејќи таа може да биде пронајдена „во окото на гледачот“ и не ги вклучува нужно намерите на адресатот. Наспроти тоа, пародијата, претпочитаниот термин на Хатчион, секогаш открива автор кој активно кодира текст како имитација со критички разлики. Како и да е, постоеле и обиди за поблиску да се дефинираат различни видови интертекстуалност. Британскиот филмски теоретичар Џон Фиск направи разлика помеѓу тоа што означува „вертикална“ и „хоризонтална“ интертекстуалност. Под хоризонтална интертекстуалност се подразбираат наводи кои се на „исто ниво“ т.е. кога книгата има наводи од друга книга, а пак вертикалната интертекстуалност постои кога некоја книга има наводи од некој филм или песна, или пак обратно. Слично на ова, јазичарот Норман Ферклог прави разлика помеѓу „манифестирана интертекстуалност“ и „конститутивна интертекстуалност“ (Ферклог 1992; 117). Првото означува интертекстуални елементи како: претпоставка, негација, пародија итн. Последното го означува меѓуодносот во дискурзивните функции во текстот како: структура, форма, жанр. Конститутивната интертекстуалност исто така е поврзана со интердискурзивитет (Агер 1999), но генерално интердискурзивитетот се однесува на односот помеѓу големите формации на текстовите.
Примери и историја на интертекстуалноста
уредиДодека теоретскиот концепт на интертекстуалност е поврзан со постмодернизмот, самата структура не е иста. Новиот завет има цитати од Стариот завет, а Стариот завет има книги како Мојсевата или Пророците кои се однесуваат на настаните опишани во Исход (иако се користи „интертекстуалност“ за да се опише употребата на Стариот завет во Новиот завет, види Портер 1997). Додека критичар приредувач би употребил ваква интертекстуалност за да се расправа за одреден редослед и процес на авторство на споменатите книги, книжевната критика има синхрониски поглед кој се занимава со текстови во нивната конечна форма, како меѓусебен литературен опус. Овој опус се протега до подоцнежните песни и слики кои се однесуваат на библиски преданија, исто како што другите текстови градат мрежа околу грчката и римската класична историја и митологија. Делото на Булфинч (1855) „Времето на басните“ служи како вовед во таква интертекстуална мрежа; според авторот, тоа било наменето ,,...за читателот на англиска литература, од кој било пол, кој сака да ги разбере алузиите, често создадени од оратори, предавачи, есеисти и поети...“.
Понекогаш интертекстуалноста се смета за плагијат, како во случајот на шпанската писателка Луција Екстреберија, чија збирка песни ,,Станица на пеколот“ (2001) е откриено дека содржи метафори и стихови од Антонио Колинас. Таа тврдела дека му се воодушевува и применила интертекстуалност.
Некои примери за интертекстуалност во литературата вклучуваат:
уреди- Источно од рајот (1952) од Џонатан Стајнбег: прераскажување на приказната за настанокот, сместена во долината Салинас во северна Калифорнија.
- Уликс (1918) од Џејмс Џојс: прераскажување на Одисеја од Хомер, во Даблин.
- Клуб на мртвите татковци (2006) од Мет Хег: прераскажување на Хамлет од Шекспир, во модерна Англија.
- Илјада хектари (1991) од Џејн Смајли: прераскажување на Крал Лир, сместено во рурална Ајова.
- Переландра (1943) од Ц.С. Луис: уште едно прераскажување на Битието, исто така потпирајќи се на Изгубениот рај од Џон Милтон, но сместено на планетата Венера.