Сото (јазик)

(Пренасочено од Јужен сото)

Сото (сесото или јужен сото)[2]банту-јазик што се говори претежно во ЈАР (еден од 11-те службени јазици) и Лесото, каде е национален јазик. Ова е аглутинативен јазик што се служи со разни афикси, изведувања и флексија во постапката на зборообразба.

Сото
Sesotho
Изговор[sɪ̀sʊ́tʰʊ̀]
Застапен воЛесото, ЈАР
НародБасото
Говорницибарем 5 милиони  
Јазично семејство
Статус
Службен во Лесото
 ЈАР
Регулативен органПанјужноафрикански јазичен одбор
Јазични кодови
ISO 639-1st
ISO 639-2sot
ISO 639-3sot
Linguasphere99-AUT-ee вклуч. варијанти 99-AUT-eea до 99-AUT-eee
Гатриев кодS.33[1]
Јазикот сото
 лице  Мосото
 народ  Басото
 јазик  Сесото
 држава  Лесото

Класификација

уреди

Јазикот сото е јужен банту-јазик, од семејството на нигерконгоански јазици во рамките на сотоцванската гранка на Зона S (S.30). Најсродни јазици на сото се другите покрупни јазици од сотоцванската група: цвана (сецвана), северен сото (сесото са лебоа), кгалагади (шекгалагари) и лози (силози).

Сотоцванските јазици пак, се во блиско сродство со други јужни банту-јазици, како што се венда, цонга, тонга, и нгунските јазици (а можеби и со макуа во Танзанија и Мозамбик).

Географска распределба

уреди
 
Географска распределба на сото во ЈАР: дел од населението што говорат сото во домот.
  0–20%
  20–40%
  40–60%
  60–80%
  80–100%

Според пописот од 2001 г, сото во ЈАР го говорат барем 4 милиони луѓе како мајчин јазик (8% од населението). Ова е главен јазик во Лесото, каде има 1.493.000 говорници или 85% од населението (1993). Постојат уште барем 5 милиони јужноафриканци што го познаваат јазикот како втор или трет јазик (на пр. во сите населени места во и околу Јоханесбург, Совето и Чване).

Фонологија

уреди

Гласовниот систем на сото е необичен по многу нешта. Јазикот има исфрлени согласки, чкрапави согласки ресична трепетна согласка, релативно голем број на слеани согласки, нема предназализирани гласови, и има редок облик на хармонија според самогласната висина. Јазикот има вкупно 39 согласни[3] и 9 самогласни фонеми.

Јазикот се одликува и со голем број на сложени гласовни преобразби, при што честопати се менуваат фоновите кај зборовите поради влијанијата од други (напати невидливи) гласови.

Граматика

уреди

Најзабележителни особености на сотската граматика се оние што ги дели со другите банту-јазици: родот кај именките и системите на слагање. Граматиката не прави разлика во полот на лицата, т.е. не врши измени во зависност од родот. Оваа особеност ја дели со другите јазици од групата.

Друга позната одлика на јазикот е неговата аглутинативна морфологија. Покрај ова, јазикот нема никакви падежи, што значи дека улогата на именката се укажува исклучиво со збороредот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
  2. Во минатото наречен и суто, суту, сисуто, сесуту, согласно изворниот изговор.
  3. 75, ако се бројат лабијализираните солгаски.
  • Batibo, H. M., Moilwa, J., and Mosaka N. 1997. The historical implications of the linguistic relationship between Makua and Sotho languages. In PULA Journal of African Studies, vol. 11, no. 1
  • Doke, C. M. and Mofokeng, S. M. 1974. Textbook of Southern Sotho Grammar. Cape Town: Longman Southern Africa, 3rd. impression. ISBN 0-582-61700-6.
  • Ntaoleng, B. S. 2004. Sociolinguistic variation in spoken and written Sesotho: A case study of speech varieties in Qwaqwa. M.A. thesis. University of South Africa.
  • Tšiu, W. M. 2001. Basotho family odes (Diboko) and oral tradition. M.A. thesis. University of South Africa

Надворешни врски

уреди