Северен сото
Северниот сото (познат и како педи, сепеди; самонар. „сесото са Лебоа“) е банту-јазик што го говорат 4.208.980 жители (2001) на покраините Гаутенг, Лимпопо и Мпумаланга во ЈАР.
Северен сото | |
---|---|
Sesotho sa Leboa | |
Застапен во | ЈАР |
Подрачје | Гаутенг, Лимпопо, Мпумаланга |
Говорници | 4,1 милиони (2006) |
Јазично семејство | |
Дијалекти | педи (масемола, тау, кони)
лобеду (кгага)
гананва (тлоква)
копа (ндебеле-сото)
бирва[1]
цвапонг[1]
? палаборва
? куцве (ист. сото)
? пај (ист. сото)
? пулана (ист. сото)
|
Статус | |
Службен во | ЈАР |
Регулативен орган | Панјужноафрикански јазичен одбор |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | nso |
ISO 639-3 | Разни: nso — педи итн. brl — бирва two — цвапонг |
Linguasphere | |
Гатриев код | S.32,301–304[1] |
Јазикот педи | |
лице | моПеди/моСото |
народ | баПеди/баСото |
јазик | сепеди/сеСото |
Урбаните говори содржат и чкрапки поради постојаното влијание од нгунските јазици.
Класификација
уредиСеверен сото е јазик (или збир од соседни јазици) во состав на сотската гранка на Зона S (S.30) на семејството банту (во нигер-конгоанското колено). Најсроден е на јужниот сото (сесото), цвана, кгалагари и лози.
Се состои од неколку посебни јазици или дијалекти, од кои предоминантен е педи (сепеди), поради што во минатото целата група се поистоветувала со овој говор.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на северен сото |
- Северен сото на Ethnologue (англиски)
- Северен сото на Светскиот атлас на јазични структури (англиски)
- Универзалната декларација за човековите права на северен сото
- Северносотско-англиски речник (англиски)
- Панјужноафрикански јазичен одбор Архивирано на 17 декември 2007 г. (англиски)