Јованче Белковски

Јованче Блажев Белковски ( 1921 во Злокуќани, Скопско6 мај 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од селско семејство. По завршување на основното училиште се занимавал со земјоделство, а повремено доаѓал во Скопје и работел како општ работник. На 4 септември 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Пред приклучувањето во единиците на НОВ и ПОЈ учествувал во собирните акции на материјална помош за народната војска. Во Бригадата се пројавил како примерен и дисциплиниран борец. Добиените задачи секогаш совесно ги извршувал. Со Бригадата учествувал во маршот на Козјак, а потем и во борбите против балистите на теренот Водно - Треска. На 13 ноември 1944 година учествувал во уличните борби за ослободувањето на Скопје. На 14 ноември истата година веќе се наоѓал на борбените позиции против балистите кај Ѓорче Петров. Потем учествувал во разбивањето на остатоците од непријателот, што неговата Бригада со голем успех ги извршувала. Суровите и тешки услови на животот за време на многубројните акции и борби, придонеле тој тешко да заболи. На 6 мај 1945 година починал од болеста.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 181. На |first= му недостасува |last= (help)