Јерихов (округ)
Јериховер Ланд (германски: Jerichower Land) — округ (Kreis) во североисточниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) Анхалт-Битерфелд, Залцланд, слободниот округ Магдебург, Берде, Штендал и окрузите Хафеланд и Потсдам-Мителмарк во Бранденбург.
Јерихов Jerichower Land | ||
---|---|---|
Округ | ||
| ||
![]() | ||
Земја | ![]() | |
Покраина | Саксонија-Анхалт | |
Седиште | Бург | |
Површина | ||
• Вкупна | 1,336,63 км2 (516,08 ми2) | |
Население (31 декември 2019)[1] | ||
• Вкупно | 89.589 | |
• Густина | 67/км2 (170/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | JL, BRG, GNT | |
Мреж. место | www.lkjl.de |
ИсторијаУреди
Во 1816, површината на округот станала дел од пруската Провинција Саксонија и била поделена административна во три окрузи, Јерихов I, Јерихов II и Цизар. Округот Цизар бил додаден на Јерихов I во 1826.
По Втората светска воја, окрузите биле изменети. Некои површини на двата окрузи биле додадени на соседните окрузи Хафелберг, Ратенов, Бранденбург, Лобург и Цербст. Двата окрузи биле исто така преименувани по нивните административни седишта, така Јерихов I станал Округ Бург, а Јерихов II станал Округ Гентин. Во 1952, округот Бург бил поделен на два дела. Меѓутоа, во 1957, округот Лобург бил споен со округот Бург.
Во 1994, двата окрузи Бург и Гентин биле споени и го прифатиле историското име Јерихов. Во 2007, 6 општини од поранешниот округ Анхалт-Цербст (Хобек, Лобург, Либс, Предел, Розијан и Швајниц) биле додадени на округот Јерихов.
Името на округот потекнува од градот Јерихов, име кое се поврзува со раното доселување на словенските племиња. Не е поврзано со името на градот Ерихон (герм. Jericho) на Блискиот Исток.
ГеографијаУреди
Главни водотеци во округот се реките Елба, Еле, Иле и Нуте, како и каналот Елба-Хафел.
ГрбУреди
Вертикалните линии во левата половина на грбот го симболизираат Каналот Елба-Хафел, додека жеравот во десната половина ја симболизира природата на округот. Жеравите се чести птици во округот.
Градови и општиниУреди
Округот Јерихов се состои од следниве административни единици:[2]
Градови | Слободни општини |
---|---|
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
„Јерихов (округ)“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)