Јармен
Јармен (германски: Jarmen) — град во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на јужниот брег на реката Пене, 20 километри јужно од Грајфсвалд. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Јармен-Тутов.
Јармен | |
Стариот плоштад во Јармен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Месна заед. | Јармен-Тутов |
Градски единици | 8 |
Градоначалник | Арно Карп |
Основни податоци | |
Површина | 30,64 км2 |
Надм. височина | 7 м |
Население | 2.914 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 95 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | DM |
Пошт. бр. | 17126 |
Повик. бр. | 039997 |
Портал | www.amt-jarmen-tutow.de |
Местоположба на градот Јармен во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд | |
Координати | 53°55′N 13°20′E / 53.917° СГШ; 13.333° ИГД |
Градот бил основан при доселувањето на Германците на Исток и останал рурален град кај важен речен премин на Пене. Јармен бил во Војводството Померанија од неговото основање до Триесетгодишната војна, во Шведска Померанија до Големата северна војна, во пруска Померанија до Втората светска војна, во Источна Германија во покраината Мекленбург-Западна Померанија и подоцна во Округ Нојбранденбург до револуцијата во 1989 и во покраината Мекленбург-Западна Померанија во рамките на обединета Германија од 1990. Автопатот А20 ја премостува Пене кај Јармен.
Градски единици
уредиПокрај самиот град, во неговите граници се наоѓаат и следниве села:
- Плец
- Ној Плец
- Вилхелминетал
- Грос Тојтин
- Клајн Тојтин
- Кронсберг
- Мисентин
Историја
уредиВо близина на Јармен се пронајдени остатови на населби од каменото и бронзеното доба. Во 690, западнословенските Велети ја населиле областа. Во доцниот среден век, областа била позната како дел од Мизерец и Плот.
Самиот град бил основан при доселувањето на Германците на Исток, по 1250. Забележан како Гермин (Germin, 1269), Јермин (Jermin, 1277; Jermyn, 1290), бил во посед на бискупите од Камин, додека не бил предаден на Отон I, померански војвода, како феуд во 1305. Јармен останал мал град, но имал умерен раст поради својата местоположба на речен премин и одржувањето на фериботот од 1368. Во 1631, Јармен станал седиште на Амт Икерминде. Во тое време, Триесетгодишната војна ја зафатила областа, по која градот станал дел од Шведска.
Јармен останал во Шведска Померанија до 1720, кога областа јужно од реката Пене станала пруска како последица на Големата северна војна. Во 1742 и 1839, делови на градот изгореле. Во 1863, фериботот бил заменет со мост преку реката Пене. Од крајот на XIX век, Јармен бил поврзан со соседните градови со железница со тесен колосек: во 1893 до Анклам и Фридланд и во 1897 до Алтентрептов и Демин како и до Грајфсвалд и Цисов. Ниедна од овие теснолиниски железнички линии не постои повеќе. Во 1945, пруската покраина Померанија била де факто распуштена како последица на Втората светска војна и Јармен станал дел од советската окупациска зона, а од 1949 во Источна Германија. Од 1990, Јармен е дел од сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Кај Јармен поминува автопатот А20 и сојузниот пат Б96.
Галерија
уреди-
Јармен во 1760
-
Новиот плоштад
-
Црква
-
Мост на Пене
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Јармен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)