Јаз
Јаз е плажа во Будва, Црна Гора. Се наоѓа на 2,5 километри западно од Будва. Се состои од 2 дела, едниот е долг 500 метри, а другиот дел, кој понекогаш претставува нудистичка плажа, е долг 300 метри.
Иако, тоа е доста популарна плажа за сончање и кампување, и е една од подолгите плажи во Црна Гора, има добар меѓународен углед како домаќин на бројни концерти и случувања во последните неколку години.
Концерти 2007-2008
уредиНа годишните летни манифестации се гледа како обид да се зголеми меѓународниот имиџ на Црна Гора, како и да се промовира земјата како добро туристичко одредиште. Во најголемиот дел тоа беше финансирано од страна на Светозар Марковиќ, влијателен црногорски политичар, кој е роден во Будва.
Ролингстонс свиреа на 9 јули 2007 година, во рамките на нивната Биг Бенг турнеја. На концертот имаат присуствувано 25.000 луѓе.
Следен значаен настан беше 3-дневниот Лајв Фест, кој се одржа во август 2008 година. Настапуваа: Лени Кравиц, Арманд ван Хелден. Додека на 5 август, гостуваа: Дино Мерлин и DJ Петро Грув, на 6 август: Горан Бреговиќ, а на 6 август Здравко Чолиќ.
Во истата година Мадона во рамките на својата турнеја Стик Ен Свит одржа концерт на 25 септември на кој присуствуваа околу 50.000 посетители.
Си Денс Фестивал
уредиОд 2014 до 2017 година, на плажата Јаз беше организиран меѓународниот музички Си Денс Фестивал. Фестивалот е во организација на Општина Будва, компанијата „Нови Сад“ Нови Сад Мој Егзит Авантура (што исто така го организира Фестивалот „Егзит“ во Нови Сад) и компанијата ЕМЦ Груп од Подгорица.[1] Од 2018 година, овој фестивал се одржува на плажата Буjarарица.[2] На Си Денс Фестивалу во 2015 година, за три дена беа евидентирани околу 110.000 посетители, а се проценува дека на црногорската туристичка економија и донесе околу 20 милиони евра. Овој фестивал беше запаметен во аналите на фестивалскиот туризам во Црна Гора со бројни записи - посетеност, заработка, потрошувачка, број на странски туристи и други параметри.[3]
Наводи
уреди- ↑ Strugar, Stefan (14 јануари 2015). „Sea Dance je najbolji evropski festival srednje veličine“. Vijesti. Посетено на 2 април 2020.
- ↑ „Sea Dance Festival“. Zvanični sajt. Sea Dance Festival. Посетено на 2 април 2020.
- ↑ „Doprinos Sea Dance festivala 2015 oko 20 miliona eura“. Zvanični vebsajt. Sea Dance Festival. Архивирано од изворникот на 2020-04-14. Посетено на 4 април 2020.