Ѕвегор (река)
река во Македонија
Ѕвегор — река во Источна Македонија и десна притока на реката Брегалница.
Ѕвегор | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Брегалница |
Должина | 8,5 км |
Особености на сливот |
Потекло на поимот
уредиРеката Ѕвегор своето име го добила по истоименото село Ѕвегор низ коешто поминува.
Течение
уредиРеката извира на планината Влаина. Нејзиното течените продолжува низ Делчевската Котлина, каде што поминува низ истоименото село Ѕвегор, а потоа се влева во реката Брегалница во близина на градот Делчево. По долината на реката се протега меѓународниот пат Делево-Благоевград.[1]
Хидрографија
уредиРеката Ѕвегор е долга 8,5 км, а нејзиниот просечен наклон изнесува 7,05 %.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 32. ISBN 978-9989-2117-6-8.