Црква „Св. Илија“ - Ѕвегор
црква на Ѕвегорскиот манастир
Свети Илија — манастирска црква на Ѕвегорскиот манастир.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Делчевско |
Парохија | Ѕвегорска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°58′36.4″N 22°49′17.8″E / 41.976778° СГШ; 22.821611° ИГД |
Место | Ѕвегор |
Општина | Делчево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 2 август 1990 |
Завршено | 1991 |
Осветување | 15 септември 1991 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 2 август 1990 година, а истата била изградена следната година и осветена на 15 септември 1991 година од страна на тогашниот Митрополитот Брегалнички г. Стефан.[1]
Архитектура
уредиЦрквата е изградена од камени блокови обоени во бела боја. Во предниот дел има трем до кој водат неколку мермерни скали. Влезната порта е дрвена и е покриена со метална решетка, а над неа има слика на Свети Илија. Во задниот дел од градбата има полукружна апсида. Црквата во целост е покриена со ќерамиди. Внатрешноста на храмот не е зографисана.[1]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата од јужната страна
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Звегорска парохија Архивирано на 30 септември 2018 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Ѕвегор на Ризницата ?