Другата страна
„Другата страна“ — збирка раскази од македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски. Книгата е издадена во 2019 година од издавачкото претпријатие Бегемот.[1]
Автор | Ѓорѓи Крстевски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | раскази |
Издавач | Издавачка куќа Бегемот |
Издадена | 2019 |
Медиум | печатено издание, 185×110 mm |
Страници | 114 |
Содржина
уредиКнигата содржи 33 кратки раскази:[2]
- Безобразниот ветер
- Вести од оној свет
- Веќе видено
- Влијанието на полната месечина
- Глас
- Господинот не може да се врати дома
- Диско за духови
- Доаѓа, доаѓа
- Другата страна
- Ѓаволска работа
- Земјотрес
- Инвазија
- Истовремено
- Книга полна неизвесност
- Лебдење
- Летно расположение
- Многу неодговорени прашања
- Мрачното море
- На крајот од тунелот
- Не ме терај да се повторувам
- Неверојатна приказна
- Невидливиот самоубиец
- Никој
- Ноќна прошетка
- Патување во зоната на самракот
- Продолжетокот на една мисла
- Светла
- Тивкиот убиец
- Траги
- Филм со (не)предвидлив крај
- Црни денови се ближат
- Човек во шумата
- Човекот со ноже во грбот
Технички податоици
уредиКнигата, со обем од 116 страници и со димензии од 19 сантиметри, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-09-2. Таа е испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 500 примероци, а нејзиното објавување било финансиски поддржано од Министерството за култура. Цртежот на предната корица е дело на авторот на книгата, графичкото уредување го извршила Наталија Лукомска, јазичната редакција е дело на Андреј Јованчевски, а лектурата ја направила Ирена Ралева.[3]
Осврт кон делото
уреди„Другата страна“ е збирка кратки прозни форми од авторот Ѓорѓи Крстевски, создавани во текот на повеќе години. Тие се со различна големина и форма, при што секој од расказите е поединечно дело, расказ кој гради еден свој специфичен свет што може да опстои и да егзистира самостојно. Според Милан Дамјаноски, централната точка, ѕвездата околу која гравитираат сите овие мали светови и векторот на нивното поврзување е светогледот на Ѓорѓи Крстевски. Во богатиот спектар на раскази може да препознаеме хармсовски бурлескни сцени и ликови, борхесовски сложени лавиринтни пејзажи, одеци од најмрачните шуми од бајките на браќата Грим, како и грст ликови изгубени во кафкијански свет на метаморфози, бирократски шалтери и бесчувствителен свет.[4] [5]
Наводи
уреди- ↑ „Другата страна“.
- ↑ Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.
- ↑ Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.
- ↑ Бегемот, 2019[мртва врска]
- ↑ Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.