Whose Life (Is It Anyways?)
Whose Life (Is It Anyways?) е вториот сингл на Мегадет од нивниот последен студиски албум Thirteen. Песната е трета по редослед на споменатиот албум, а текстот и музиката ги напишал Дејв Мастејн. Официјалниот датум на издавање бил 17 октомври 2011, а на 2 мај 2012 бил промовиран и видео запис како поткрепа за синглот.[1]
„Whose Life (Is It Anyways?)“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот Thirteen | |||||
Издаден | 17 октомври 2011 | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | мај - јуни 2011 | ||||
Жанр | Хеви метал | ||||
Должина | 3:50 | ||||
Издавачка куќа | Роудранер | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Џони Кеј, Дејв Мастејн | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
Песната добила номинација за Греми наградите (2013) во категоријата „Најдобра хард рок/хеви метал изведба“, каде освен оваа, во конкуренција биле уште 5 композиции.[2]
Видео запис
уредиСпотот бил поставен на YouTube страницата од Роудранер Рекордс. Во филмот е вметнат и текстот од песната, а дејството е борба помеѓу група изреволтирани луѓе и вооружени единици.
Коментари од бендот во врска со песната
уредиИмате луѓе кои ни кажуваат како да го живееме животот и на крајот на денот, чиј живот е тоа, сепак, ова е мој. Јас сум оној кој треба да се запраша кога сè е во ред, ако јас донесам уште една погрешна одлука, тоа е сум јас кој ги плаќа сметките. Многу време во нашиот бизнис, знаеш, постојат луѓе кои работат со нас и за нас и кога ќе им снема крв, тие се на следната жртва. И тоа е тажно.
—Дејв Мастејн, 2011 г.[3]
Ова е една од моите омилени нумери на бас гитара. Иако не многу очигледно, звучи како еден вид панк рок мелодија. Отидов со многу ентузијазам и се обидов да не мислам она што не треба, туку се сконцентрирав на она што го правев.
—Дејвид Елефсон, 2011 г.[4]
Дигитално издание
уреди- „Whose Life (Is It Anyways?)“ – 3:50
Музички персонал
уредиМегадет
уреди- Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара
- Крис Бродерик - водечка гитара
- Дејвид Елефсон - бас гитара
- Шон Дровер - тапани
Технички персонал
уреди- Џони Кеј - продуцент
- Дејв Мастејн - текстописец и композитор
Наводи
уреди- ↑ „Megadeth.com - News - May 2, 2012“. Megadeth.com. Архивирано од изворникот на 2012-05-07. Посетено на 15 јули 2012.
- ↑ „Iron Maiden, Megadeth, Anthrax, Lamb of God Among Grammy Awards Nominees - Dec. 5, 2012“. Blabbermouth.net. Roadrunner Records. Архивирано од изворникот на 2013-01-11. Посетено на 6 декември 2012.
- ↑ „Dave Mustaine discusses new album“. loudwire.com. Посетено на 11 февруари 2013.
- ↑ „Full album preview“. musicradar.com. Архивирано од изворникот на 2014-01-12. Посетено на 11 февруари 2013.