Thirteen е тринесеттиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Бил издаден на 1 ноември 2011. Дејв Мастејн се решил за ова име поради чудната поврзаност на бројот 13 со неговиот живот. За првпат по 10 години пауза, во бендот се вратил басистот Дејвид Елефсон, откако ги расчистил сите недоразбирања со Мастејн.
Ова бил последниот албум кој Мегадет го издале под продуцентската куќа Роудранер Рекордс. Од албумот биле објавени два синглови, и тоа „Public Enemy No. 1“ и „Whose Life (Is It Anyways?)“ кои биле номинирани за Греми, но не ја освоиле наградата. По еден и пол месец од неговото излегување, албумот бил продаден во 120.000 примероци во САД.