Поскок
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Отровници
Потсемејство: Отровници
Род: Шарка
Вид: Поскок
Научен назив
Vipera ammodytes
(Linnaeus, 1758)
Синоними[2]

во текстот

Глава на поскок со карактеристичното рокче

Поскок или камењарка (научVipera ammodytes) — змија од семејството на отровниците (Viperidae) која живее во јужна Европа, на Балканот и делови од Блискиот Исток. Важи за најопасна змија во Македонија и цела Европа поради големината, долгите заби (до 13 мм) и јачината на отровот.[3] Постојат пет подвида.[4]

Опис

уреди

Оваа змија достигнува вкупна должина (тело и опашка) од најмногу 95 см, иако повообичаено е околу 85 см. Женките се малку поголеми од мажјаците. Единките што живеат во северните краишта се забележително поголеми од оние во јужните.[3] Главата е прекриена со мали неправилни лушпи со мазна или само малку засртена површина, со исклучок на пар големи надочни лушпи што го го надминуваат задниот раб на окото. Околу самото око има 10-13 мали лушпи во два реда кои ги делат од надуснените лушпи. Носната лушпа е голема, единечна (ретко поделена) и одвоена од клунената лушпа со една носноклунена лушпа. Клунената лушпа е поширока, а покуса.[3]

Јасна особеност на поскокот е рокчето (острица) на муцката, веднаш над клунената лушпа. Составено е од 9-17 лушпи распоредени во 2 (ретко 2 или 4) напречни редови.[3] Достигнува 5 мм е меко и свитливо. Кај јужните подвидови рокчето е исправено, а кај западниот подвид е накосено нанапред.[5]

Телото е прекриено со силно засртени грбни лушпи во 21 или 23 редови (ретко 25). Лушпите кои се граничат со стомачните лушпи се мазни или слабо засртени. Мажјаците имаат 133-161 стомачни лушпи и 27-46 подопашни лушпи во парови. Женките имаат 135-164 стомачни и 24-38 подопашни лушпи. Чмарната лушпа е единечна.[3]

Шарите се разликуваат кај половите. Мажјаците имаат неправилни темнокафеави, темносиви или црни белези. Од зад окото до задниот дел на вилицата се протега широка црна пруга. Јазикот е црн, а очната шареница има златесто-бакарна боја. Мажјаците на тилот имаат темна дамка или белег во облик на буквата V кој често преоѓа во кривулестата шара на грбот. Долната страна на телото има различна боја кај различни единки, и тоа во разни нијанси на сиво, понекогаш жолтеникаво или розеникаво сива или пак жолтеникаво кафеава. Грбната кривулеста линија е темносива или црна, понекогаш со уште потемен раб. Од обете страни има ред темни (понекогаш жолтеникави) точки, понекаде поврзани со брановидна лента.[3]

Женките имаат слични шари, но помалку впечатливи и сопоставениу. Обично немаат белег на тилот, а долната страна тежнее кон кафеави и бронзени нијанси сивкаво кафеава, црвенкасто кафеава, бакарна, темна драп или циглеста црвена. Грбната кривулеста линија е нијанса на кафеава.[3]

Двата пола имаат кривулеста шара на грбот која јасно се распознава од посветлата заднина и често е прекршена. Самиот стомак може да биде сивкав, жолтокафеав или розеникав со мноштво црни точки. Понекогаш е црн или синосив со бели дамки и бел пораб. Делот под вилицата е посветол од стомакот. Долната страна на врвот на опашката може да е жолта, портокалова, портокаловоцрвена, црвена или зелена. Младите имаат исти шари како возрасните.[3]

Географска распространетост

уреди
 
Распространетост на поскокот

Јужна Австрија, североисточна Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија[6], Грција (вкл. Кикладите), Романија, Бугарија, Турција, Грузија и Сирија.

Живеалиште

уреди
 
Поскок

Поскокот живее претежно на суви каменести падини (поради што е наречен и „камењарка“) со проретчено зеленило и понекогаш на рабовите од шумовити предели. Се среќава и меѓу луѓето: на железнички насипи, на обработливо земјиште и особено во лозја, во шут и на камени ѕидови. Во релативно топли краишта се среќава и на височина до 2.000 м.[3]

Генерално земено, поскокот е дневен вид, но некогаш може да биде и ноќен, во потоплите делови од неговиот ареал. Тој е спора и речиси флегматична змија, која не е многу раздразлива, иако кога ќе се вознемири гласно шишти. Поскокот е најопасна змија, од било која друга европска отровница од која страдаат луѓето, посебно пред да биде достапен современиот третман. Пролетта и летото во текот на 2008 година, кога беа реализирани теренските истражувања, беа многу суви и топли, што е причина за редуцирана активност на видот. Оттаму, теренските наоди за овој вид не коренспондираат со реалната застапеност на видот во НП Галичица. Во рамките на нашите теренски истражувања, поскокот беше регистриран само на пет локалитети: островот Голем Град, ридовите во близина на Стење, Стењското блато, карпестиот рид над село Лескоец, Два Јавора и во близина на Црвена локва.[7]

Поведение

уреди

Поскокот е активен во текот на целиот ден. На поголема надморска височина е поактивен на дневна светлина. Во пониските предели се среќава во секое време од денот и уште почесто ноќе со зголемувањето на дневната температура.[3]

И покрај општите сфаќања, поскокот е мрзоволен и воопшто не е агресивен — не каса доколку не е значително предизвикан. Кога се на препад, некои поскоци с’скаат и потоа бегаат, додека пак други веднаш одат во напад.[3] Спијат зимски сон 2 до 6 месеци во годината, зависно од условите.[8]

 
Поскок на трупец

Исхрана

уреди

Оваа змија претежно се храни со мали цицачи и птици. Младите претпочитаат гуштери. Ловното поведение зависи од големината на пленот. Поголемиот плен се каснува, се ослободува, се следи, па се голта, а пак малиот плен просто се голта. Повремено јадат и други змии.[3] Забележан е и канибализам.[8]

Размножување

уреди

Пред парењето, мајжаците се впуштаат во борбен танц, слично како шарките.[3] Парна сезона е пролетта (април–мај), а младите се изведуваат живородени кон крајот на летото или рана есен (август–октомври), едно до дваесет на број. Новородените змијчиња се долги од 14 до 24 см.[8] Овој вид е јајцеживороден.[9]

Отровност

уреди

Поскокот е најотровната змија во Европа.

Отровот може да биде прилично токсичен [според на испитувања врз глувци], но се разликува од временскиот период и кај разни населенија. Има протеолитични и невротоксични делови и содржи хемотоксини што ја засируваат крвта, со исти последици и сила како отровот на ѕвечарките. Други својства се противзасирувачки ефект, хемоконцентрација и крварење. Каснувањето предизвикува болка, отекување и промена на бојата, кои можат да се јават веднаш. Може да се јават вртоглавица и отрпнатост.[3]

Луѓето, глувците и птиците веднаш реагираат на каснувањето, додека пак гуштерите се помалку засегнати, а водоземците дури можат и да преживеат. Европските змии како планинскиот смок и барските змии може да се имуни.[3]

Отровот на поскокот се користи за добивање на противотров од каснувања на други европски змии и за оваа намена постојат посебни одгледувалишта.[9][10][11]

Таксономија

уреди

Видот прв го опишал истакнатиот шведски биолог Карл Лине во неговото дело „Систем на природата“ во 1758 г. Подоцна, подвидовите ги опишал Ж.А. Буланже на почетокот на XX век. Постојат и други таксономии.[3] Во литературата се среќава и подвидот V. a. ruffoi (Bruno, 1968),[3] од планинските делови на Италија, но многумина ги сметаат V. a. ruffoi и V. a. gregorwalineri за синонимни на V. a. ammodytes,[8] а V. a. transcaucasiana го сметаат за посебен вид.[3][8]

Од Европските документи видот е заштитен согласно: Директива за живеалишта 92/43/EEC – Анекс IV: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита, Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN) – Апендикс II строго заштитени фаунистички видови, како и според Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора (CITES).[7]

Подвид[4] Автор[4] Народно име Живеалиште
V. a. ammodytes (Linnaeus, 1758) западен поскок[12] Австрија (Штаерска и Корушка), северна Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, југозападна Романија, северозападна Бугарија[3]
V. a. gregorwallneri Sochurek, 1974 Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија[8]
V. a. meridionalis Boulenger, 1903 источен поскок[12] Грција (вкл. Крф и др. острови), Источна Тракија[3]
V. a. montandoni Boulenger, 1904 прекудунавски поскок[12] Бугарија, јужна Романија[3]
V. a. transcaucasiana Boulenger, 1913 закавкаски поскок[3] Грузија, северна Турција, Анадолија[3]

Синоними

уреди

  • Coluber Ammodytes Linnaeus, 1758
  • Vipera Illyrica Laurenti, 1768
  • Vipera ammodytes
    — Sonnini & Latreille, 1801
  • [Vipera (Echidna)] Ammodytes
    Merrem, 1820
  • Cobra ammodytes Fitzinger, 1826
  • [Pelias] Col[uber]. ammodytes
    — F. Boie, 1827
  • Vipera (Rhinechis) Ammodytes
    — Fitzinger, 1843

  • V[ipera]. (Vipera) ammodytes
    — Jan, 1863
  • Vipera ammodytes — Eber, 1863
  • Vipera ammodytes
    — Boulenger, 1896
  • [Vipera ammodytes] var. steindachneri F. Werner, 1897
  • Vipera ammodytes [ammodytes]
    — Boulenger, 1903
  • Vipera ammodytes ammodytes
    — Zarevsky, 1915
  • Teleovipera ammodytes
    A.F. Reuss, 1927

  • Vipera ammodytes ammodytes
    — Mertens & L. Müller, 1928
  • Rhinaspis illyrica litoralis
    A.F. Reuss, 1935
  • Rhinaspis illyrica velebitensis
    A.F. Reuss, 1935
  • Rhinaspis illyrica f[orma]. melanura A.F. Reuss, 1937
  • Vipera ammodytes ruffoi
    Bruno, 1968
  • Vipera (Rhinaspis) ammodytes ammodytes — Obst, 1983
  • Vipera ammodytes
    — Golay et al., 1993

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Vipera ammodytes. IUCN Red List. Version 2011.2. International Union for Conservation of Nature. 2009. Посетено на 15 April 2012.
  2. McDiarmid, R.W., Campbell, J.A., Touré, T. 1999. Snake Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference, Volume 1. Herpetologists' League. 511 pp. ISBN 1-893777-00-6 (series). ISBN 1-893777-01-4 (volume).
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 3,21 3,22 Mallow, D., Ludwig, D., Nilson, G. 2003. True Vipers: Natural History and Toxinology of Old World Vipers. Malabar, Florida: Krieger Publishing Company. 359 pp. ISBN 0-89464-877-2.
  4. 4,0 4,1 4,2 Vipera ammodytes (Linnaeus, 1758)“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 26 July 2006. (англиски)
  5. Street, D. 1979. The Reptiles of Northern and Central Europe. London: B.T. Batsford Ltd. 268 pp. ISBN 0-7134-1374-3.
  6. Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  7. 7,0 7,1 НП Галичица
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Strugariu, A. 2006. The European Horn-Nosed Viper. VenomousReptiles.org.
  9. 9,0 9,1 Stidworthy, J. 1974. Snakes of the World. Grosset & Dunlap Inc. ISBN 0-448-11856-4.
  10. Mehrtens, J.M. 1987. Living Snakes of the World in Color. New York: Sterling Publishers. 480 pp. ISBN 0-8069-6460-X.
  11. U.S. Navy. 1991. Poisonous Snakes of the World. US Govt. New York: Dover Publications Inc. 203 pp. ISBN 0-486-26629-X.
  12. 12,0 12,1 12,2 Steward, J.W. 1971. The Snakes of Europe. Cranbury, New Jersey: Associated University Press (Fairleigh Dickinson University Press). 238 pp. LCCCN 77-163307. ISBN 0-8386-1023-4.

Надворешни врски

уреди