Отровници
Поскок
(Vipera ammodytes)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Отровници
Oppel, 1811
Синоними
  • Viperae—Laurenti, 1768
  • Viperini—Oppel, 1811
  • Viperidae—Gray, 1825[1]

Отровници (науч. Viperidae) — фамилија на отровни змии што живеат ширум целиот свет, освен на Антарктикот, во Австралија, Нов Зеланд, Ирска, Мадагаскар, Хаваи, разни зафрлени острови и северно од Северниот Поларник. Имаат релативно долги заби што навлегуваат длабоко во жртвата и вбризгуваат отров. Постојат четири потсемејства.[2]

Во Македонија живеат три вида на отровници: поскокот, шарката и остроглавата шарка.[3]

Опис

уреди
 
Череп ѕвечарка со долги заби за вбризгување отров.

Сите отровници имаат долги шупливи заби со кои вбризгуваат отров кој доаѓа од жлезди сместени во задниот дел на горната челуст. Секој од двата заба лежи е прицврстен напред, на предновилична коска која се отвора нанапред. Кога не ги користи, змијата ги склопува забите во горниот ѕид на устата, каде стојат во ципести џепчиња. Забите може да ги вади заедно или посебно. Кога змијата е во напад, устата е отворена речиси 180° и горновиличниот дел се свртува нанапред и ги вади забите што е можно подоцна за да не се оштетат. Отровот се вбризгува кога забот ќе навлезе во ткивото, истиснат од силни мускули кај отворните жлезди. Ова дејство е многу брзо, и при одбрана, змијата настојува да зададе убод наместо да касне, а забите ги забива кога ќе фати плен. Во ситуација на самоодбрана, се случува змијата да касне без да пушти отров.

Речиси сите отровници имаат засртени лушпи, набиено тело и кратка опашка, и триаголна глава што е јасно одвоена од вратот (поради отровните жлезди). Имаат исправено елиптични зеници што можат да ги шират речиси колку целото око или да ги смалат на минимум за да можат да гледаат на различни светлосни јачини. Најчесто отровниците ловат ноќе, и тоа од заседа.

Највеќето отровници се ововивипарни (младите се раѓаат живи), но некои положуваат јајца.

Географска распространетост

уреди

Отровниците се среќаваат во Америка, Африка и Евроазија. Во Америка ги има во јужна Канада, во САД, Мексико, Средна и Јужна Америка.

Однесување

уреди

Кога ќе се соочат со опасност или ловат плен, змиите проценуваат како да каснат и колку отров да пуштат. Количината на испуштениот отров зависи од видот на змијата, нејзините димензии и спретност (некои нишанат подобро од други). Кога ловат, количеството зависи од големината на пленот и дали е зграпчен или пуштен. Во самоодбраната, количината зависи од видот и димензиите на непријателот и од неговото поведение, т.е. како колкава закана го дожувува змијата. Количината на отров не е секогаш сразмерна со големината на непријателот.[4]

Отров

уреди

Отровот изобилува со ензими што ги разградуваат белковини, наречени протеази кои предизвикуваат болка, силно отекување на местото и умртвување на ткивото (некроза), обилно крварење поради оштетеноста на кардиоваскуларниот систем и пореметување во засирувањето на крвта. Смртта обично доаѓа поради драстичниот пад на крвниот притисок. По ова тие се разликуваат од штитовратките, чиј отров содржи невротоксини што го оневозможуваат затегањето на мускулите, предизвикувајќи парализа. Жртвите на овие змии обично умираат од задушување. Ова не е строго правило: некои штитовратки предизвикуваат протеолитични симптоми својствени за отровниците, а постојат и отровници чиј напад предизвикува невротоксични симптоми.

Протеолитичниот отров има двојна намена: за вкочанување (парализирање) на пленот (како кај невротоксичните отрови), но и како помош при варењето, разградувајќи ги липиди, нуклеинските киселини и белковините во ткивото. Ова е од големо значење за овие животни, бидејќи системот за варење сам по себе им е неефикасен.[5]

Каснувањето е многу болно и мошне сериозно, иако не мора да е смртоносно. Дури и со брза и соодветна интервенција, на каснатото место може да остане трајна лузна, а во најлошите случаи може да биде потребна ампутација. Исходот не може да се предвиди бидејќи зависи од многу разни фактори како видот и големината на змијата, количината на вбризган отров и тежината и здравствената состојба на настраданото лице. Покрај сето ова, лицето може да биде и алергично на отровот и/или на противотровот.

Потсемејства

уреди
Потсемејство[2] Автор на таксонот[2] Родови[2] Видови[2] Македонски назив Распространетост[1]
Azemiopinae Liem, Marx & Rabb, 1971 1 1 Феина отровница Мјанмар, југоисточен Тибет, преку јужна Кина (Фуџен, Гуангсји Џангсји, Гуејџоу, Сечуан, Јинан, Џеџанг) до северен Виетнам
Causinae Cope, 1859 1 6 ноќни осојници потсахарска Африка
Crotalinae Oppel, 1811 18 151 ѕвечарки во Стариот Свет: од источна и југоисточна Европа на исток прекуи Азија до Јапонија, Тајван, Индонезија, полуостровска Индија и Шри Ланка; во Новиот Свет: од јужна Канада на југ преку Мексико и Средна Америка до југот на Јужна Америка
Viperinae Oppel, 1811 12 66 вистински отровници Европа, Азија и Африка

Типски вид = Шарки (Vipera—Laurenti, 1768)[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 McDiarmid RW, Campbell JA, Touré T. 1999. Snake Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference, vol јануари Herpetologists' League. ISBN 1-893777-00-6 (series). ISBN 1-893777-01-4 (volume).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Viperidae“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 10 август 2006. (англиски)
  3. Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  4. Hayes WK, Herbert SS, Rehling GC, Gennaro JF. 2002. Factors that influence venom expenditure in viperids and other snake species during predatory and defensive contexts. In Schuett GW, Höggren M, Douglas ME, Greene HW. 2002. Biology of the Vipers. Eagle Mountain Publishing, LC. 580 pp. 16 plates. ISBN 0-9720154-0-X.
  5. Smith SA. 2004. Did Someone Say... SSSSnakes? Архивирано на 21 јули 2006 г. at Maryland Dept. of Natural Resources. 2 декември 2006.

Надворешни врски

уреди
  • Viperidae — база на влекачи „Reptarium“. консултирано на 3 November 2008 г. (англиски)