V1369 Кентаур
V1369 Кентаур (Centauri), позната и како Нов Кентаур (Nova Centauri) 2013, ― поранешна светла нова во соѕвездието Кентаур, што се случила во 2013 година. Откриена била на 2 декември 2013 година од аматерскиот астроном Џон Сич во Австралија со јачина од 5,5 степени.[5][6] На 14 декември 2013 година го достигнала својот врв со јачина од околу 3,3 степени, што ја прави најсветлата нова досега на овој милениум.[7]
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Кентаур |
Ректасцензија | 13ч 54м [2] | 45,363с
Деклинација | −59° 09′ [2] | 04,17″
Прив. величина (V) | 3.3 (max) |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: -19.096[2] млс/г Дек.: -8.004[2] млс/г |
Паралакса (π) | 3.6451[2] ± 0.9686[2] млс |
Оддалеченост | 274+99 58[2] пс |
Особености | |
Променлив тип | Нова[3] |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Нов Кентаур 2013 била забележана како емитува гама-зраци помеѓу 7-10 декември 2013 година од вселенскиот телескоп со гама-зраци „Ферми“.[8] Новата продолжила да се осветлува во гама-зраци и врвот се совпаднал со вториот оптички максимум на 11 декември 2013 година.[9]
Свифтовата гамозрачна испуштачка мисија открила емитување на X-зраци од Нов Кентаур на 18 и 25 февруари 2014 година и 8 март 2014 година.[10]
Во јули 2015 година било објавено дека литиум бил откриен во материјал исфрлен од Нов Кентаур 2013 година. Ова е првпат литиум да биде откриен во систем на нова.[11] Откриената количина била помала од милијардитиот дел од масата на Сонцето.[11] Ова откритие е значајно затоа што поддржува теорија дека дополнителниот литиум што се наоѓа во ѕвездите на населението I (во споредба со ѕвездите од населението II) доаѓа од нови.[11]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Brand New Image of Nova Centauri 2013“. ESO Picture of the Week. Посетено на 14 септември 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ Aydi, E.; Chomiuk, L.; Izzo, L.; Harvey, E.J.; Leahy-McGregor, J.; Strader, J.; Buckley, D.A.H.; Sokolovsky, K.V.; Kawash, A.; Kochanek, C.S.; Linford, J.D.; Metzger, B.D.; Mukai, K.; Orio, M.; Shappee, B.J.; Shishkovsky, L.; Steinberg, E.; Swihart, S.J.; Sokoloski, J.L.; Walter, F.M.; Woudt, P.A. (December 2020). „Early Spectral Evolution of Classical Novae: Consistent Evidence for Multiple Distinct Outflows“. The Astrophysical Journal. 905 (1). arXiv:2010.07481. doi:10.3847/1538-4357/abc3bb. Посетено на 14 септември 2021 2021. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „NOVA Cen 2013 – Nova“. SIMBAD. Посетено на 14 септември 2021.
- ↑ Dickinson, David (4 декември 2013). „A Naked Eye Nova Erupts in Centaurus“. Universe Today. Посетено на 14 септември 2021.
- ↑ „Alert Notice 492: Nova Centauri 2013 = PNV J13544700-5909080“. American Association of Variable Star Observers. 2013-12-04. Посетено на 2013-12-06.
- ↑ IAU Circ., 9266, 2 (2013).
- ↑ Astronomer's Telegram #5649
- ↑ Astronomer's Telegram #5653
- ↑ Astronomer's Telegram #5966
- ↑ 11,0 11,1 11,2 „First Detection of Lithium from an Exploding Star“. ESO. Архивирано од изворникот на 29 јули 2015. Посетено на 14 септември 2021.