Список на нови во Млечниот Пат

список на статии на Викимедија

Ова е делумен список на нови во Млечниот Пат откриени или забележани од 1891 г. наваму. Новите се ѕвезди кои претрпуваат драматични избуви, но за разлика од суперновите, ова не доведува до уништување на изворната ѕвезда. Во нашата галаксија веројатно се јавуваат по 40 нови годишно,[1] но од нив астрономите забележуваат само по 10.[2] На овој список се внесени само посјајните или позначајни нови.

Централното биро за астрономски телеграми (CBAT) има поцелосен список на нови во Млечниот Пат, откриени од 1612 г. па до денес.[2]

Номенклатура

уреди

Според меѓународниот обичај, новите првично добиваат ознака во форматот „Nova [генитивен облик на соѕвездието] [година на откривање]“, како на пр. „Nova Cygni 1974“ и „Nova Scorpii 2010“. Набргу потоа новата добива трајно име, кое се заведува во Општиот каталог на променливи ѕвезди според тамошниот формат за именување на променливи ѕвезди. Ако во една година се открие повеќе од една нова во истото соѕвездие, кон името се додава бројчена наставка; оттаму имаме „Nova Sagittarii 2011 #2“, „Nova Sagitarii 2011 #3“ итн.

Македонскиот обичај е да се користи предлог место падеж: „Нова во Лебед 1974“ или „Нова во Скорпија 2010“.

Список

уреди

Следува список на позначајни нови, подредени според годината на откривање.

 
Нова во Еридан 2009 (~8,4 св) за време на полна месечина.
Година Име Најг. сјајност[б 1]
1612 04550 Лав +4.0
1670 CK Лисица +2.6
1673 03846 Крма +3.0
1678 V529 Орион +6
1783 WY Стрела +5.4
1848 V841 Змијоносец +2.0
1853 00856 Триаголник +9.5
1853 SZ Персеј +9.5
1854 SU Овен +9.5
1854 U Лав +10.5
1860 T Воловар +9.7
1860 T Скорпија +7.0
1862 V728 Скорпија +5.0
1863 U Скорпија +8.8
1866 T Северна Круна +2.0
1876 Q Лебед +3.0
1877 AB Воловар +4.5
1887 V Персеј +4.0
1891 T Кочијаш +3.8
1898 V1059 Стрелец +4.5
1899 V606 Орел +5.5
1901 GK Персеј +0.2
1903 DM Близнаци +4.8
1905 V604 Орел +7.3
1910 DI Гуштер +4.6
1912 DN Близнаци +3.5
1918 V603 Орел -0.5
1918 GI Еднорог +5.6
1919 HR Лира +6.5
1919 V849 Змијоносец +7.4
1920 V476 Лебед +2.0
1920 T Компас +6.4
1925 RR Сликар +1.2[3]
1927 EL Орел +5.5
1927 XX Бик +5.9
1933 RS Змијоносец +4.3
1934 DQ Херкул +1.4
1936 CP Гуштер +2.1
1936 V368 Орел +5.0
1936 V630 Стрелец +4.0
1939 BT Еднорог +4.5
1942 V450 Лебед +7.0
1942 CP Крма +0.3
1943 V500 Орел +6.1
1944 T Компас +7.1
1945 V528 Орел +7.0
1946 T Северна Круна +3.0
1948 CT Змија +6.0
1948 V465 Лебед +7.3
1950 DK Гуштер +5.0
1956 RW Мала Мечка +6.0[4]
1958 RS Змијоносец +5.0
1960 V446 Херкул +2.8
1963 V533 Херкул +3.0
1964 QZ Кочијаш +6.0
1967 T Компас +6.7
1967 HR Делфин +3.7
1967 RS Змијоносец +5.0
1968 LV Лисица +5.2
1970 FH Змија +4.4
1970 V1229 Орел +6.7
1970 V1330 Лебед +7.5
1971 IV Кефеј +7.0
1975 V1500 Лебед +1.7
1975 V373 Штит +6.0
1976 NQ Лисица +6.0
1977 HS Стрела +7.2
1978 V1668 Лебед +6.0
1982 V1370 Орел +6.0
1984 PW Лисица +6.4
1984 QU Лисица +5.2
1985 RS Змијоносец +5.4
1986 V842 Кентаур +4.6
1986 OS Андромеда +6.3
1987 V827 Херкул +7.5
1987 QV Лисица +7.0
1991 V838 Херкул +5.0
1992 V1974 Лебед +4.2
1993 V705 Касиопеја +5.8
1999 V382 Едро +2.6
1999 V1494 Орел +4.0
2000 V445 Крма +8.6
2002 V4743 Стрелец +5.0[5]
2006 RS Змијоносец +4.5
2007 V1280 Скорпија +3.9[6][7]
2009 KT Еридан +5.5
2013 V339 Делфин +4.3[8]
2013 V1369 Кентаур +3.3[9]
2015 V5668 Стрелец +4.0[10][11]
2016 V407 Волк +5.6[12]
2016 V5856 Стрелец +5.5[13]
2018 FM Шестар +5.8[14]
2018 V906 Кобилица +5.9[15]
2018 V392 Персеј +6.2[16]
2020 YZ Мрежичка +3.7[17][18]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Повисока величина значи помала сјајност. На пр. T Кочијаш (+3,8) е посјајна од HR Лира (+6,5)

Наводи

уреди
  1. Prialnik, Dina. "Novae", pp. 1846-56, in Paul Murdin, ed. Encyclopedia of Astronomy and Astrophysics. London: Institute of Physics Publishing Ltd and Nature Publishing Group, 2001. ISBN 1-56159-268-4
  2. 2,0 2,1 CBAT List of Novae in the Milky Way discovered since 1612
  3. Burnham, Robert (2013) [1977]. Burnham's Celestial Handbook, Volume Three: An Observer's Guide to the Universe Beyond the Solar System. New York, New York: Courier Dover Publications. стр. 1460–62. ISBN 978-0-486-31803-5.
  4. Bianchini, A.; Tappert, C.; Canterna, R.; Tamburini, F.; Osborne, H.; Cantrell, K. „RW Мала Мечка (1956): An Evolving Postnova System“. The Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 115 (809): 811–18. Bibcode:2003PASP..115..811B. doi:10.1086/376434.
  5. „VSX : Detail for V4743 Sgr“. www.aavso.org.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-04. Посетено на 2021-05-27.
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-03-02. Посетено на 2021-05-27.
  8. „Light Curve Generator: AAVSO Data for Nova DEL 2013“. American Association of Variable Star Observers. 16 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-20. Посетено на 16 август 2013.
  9. IAU Circ., 9266, 2 (2013). Edited by Green, D. W. E.
  10. CBET 4080 (20 март 2015)
  11. Alan MacRobert Nova Sagittarii: What a Long, Strange Fade It’s Been Sky and Telescope April 29, 2015
  12. „VSX : Detail for V0407 Lup“. www.aavso.org.
  13. „VSX : Detail for V5856 Sgr“. www.aavso.org.
  14. „The International Variable Star Index“. aavso.org. AAVSO. Посетено на 12 јануари 2021.
  15. „Alert Notice 626: Bright nova in Carina - ASASSN-18fv | aavso.org“. www.aavso.org.
  16. Scagell, Robin (30 април 2018). „Nova in Perseus“.
  17. „Alert Notice 711: Nova in Reticulum: MGAB-V207 = N Ret 2020 | aavso.org“. www.aavso.org.
  18. „VSX : Detail for N Ret 2020“. www.aavso.org.

Надворешни врски

уреди