The Everly Brothers

американски рок-дует

Браќата Еверли (англиски: The Everly Brothers) ― американски рок-дует составен од браќата Ајзак Доналд „Дон“ Еверли и Филип „Фил“ Еверли. Биле познати по свирењето акустична гитара со челични жици и затвореното хармонично пеење. Нивната музика содржела елементи на рокенрол, кантри и поп-музика,[1] а тие станале пионери на кантри-рок музиката.[2][3]

The Everly Brothers
Фил (лево) и Дон Еверли во 1958 година
Животописни податоци
ПотеклоНоксвил, Тенеси, САД
Жанрови
Период на активност1956–1973, 1983–2005
ИздавачиCadence, London, Heliodor, Warner Bros., RCA Victor, Razor & Tie, Mercury
Поранешни членови
  • Дон Еверли
  • Фил Еверли

Браќата Еверли имале големо влијание врз музиката на генерацијата која следела. Многу врвни изведувачи од 1960-тите биле под големо влијание на затвореното хармонично пеење на Everly Brothers; меѓу нив биле: Битлси, Бич Бојс, Би Џис и Сајмон и Гарфанкел. Во 2015 година, списанието Ролинг Стоун ги ставило Everly Brothers на прво место на нивниот список од 20 најдобри дуети на сите времиња.[4] Браќата биле примени во Куќата на славните на рокенролот во 1986 година и во Куќата на славните на кантри музиката во 2001 година.

Историја на групата

уреди

Дон бил роден на 1 февруари 1937 година во Брауни, Кентаки, а Фил на 19 јануари 1939 година во Чикаго, Илиноис. Имале германско, англиско и чероки потекло.[5][6][7][8]

 
The Everly Brothers на насловната страница на Cash Box, 13 јули 1957 година

Нивниот татко, гитаристот Ајк Еверли, во текот на 1940-тите заедно со неговата сопруга Маргарет, правел емисии на месните радио-станици во Шенандоа, Ајова (KMA и KFNF). Во емисиите ги вклучил и двата сина кои настапувале под името "Little Donnie and Baby Boy Phil".[9] Настапувајќи со нивниот татко, браќата многу рано се запознале со музичката индустрија. Тие продолжиле да настапуваат со нивните мајка и татко, под името „Семејството Еверли“.

За време на нивните средношколски денови во Ноксвил, браќата настапувале на месното радио и во ТВ-емисија. Тие го привле вниманието на Чет Аткинс, менаџер на студиото RCA Victor во Нешвил. И покрај тоа што бил поврзан со RCA Victor, Аткинс на почетокот од 1956 година договорил Everly Brothers да снимаат за Columbia Records. Нивната песна „Keep a-Lovin' Me“, која ја напишал и ја компонирал Дон, не била успешна и тие биле исфрлени од издавачката куќа.[10]

Нивна прва хит песна била „Bye Bye Love“ (1957), издадена од Cadence Records и која претходно била отфрлена од 30 други изведувачи.[11] Песната се искачила на второ место на топ-листата за поп-музика, зад „(Let Me Be Your) Teddy Bear“ од Елвис Присли и прво место на топ-листата за кантри-музика.[11]

 
Реклама од Билборд, 17 август 1959 година

До крајот на 1958 година снимиле уште неколку хит-синглови меѓу кои најпознати се: „Wake Up Little Susie“, „All I Have to Do Is Dream“ и „Problems“. Браќата биле на турнеја со Бади Холи во 1957 и 1958 година.

 
Фил (лево) и Дон Еверли на фотографија за публицитет од 1965 година

По три години поминати во Cadence, во 1960 година браќата Еверли потпишале договор со Warner Bros. Records,[6] каде што се задржале 10 години. Нивниот прв хит со Ворнер Брос, „Cathy's Clown“ (1960), кој самите го напишале и компонирале, бил продаден во осум милиони примероци и станал нивна најпродавана плоча.[12]

Следеле уште неколку успешни синглови со Warner Bros во САД: „So Sad (To Watch Good Love Go Bad)“ (1960), „Walk Right Back“ (1961), „Crying in the Rain“ (1962), и „That's Old Fashioned“ (1962, нивен последен топ-10 хит во САД).

Следел пад на популарноста на групата во САД во преостанатите години од 1960-тите поради промената во вкусовите во популарната музика, долгогодишниот спор со извршниот директор од Acuff-Rose Music, Весли Роуз, и поради употребата на дрога од страна на браќата. Сепак, тие и понатаму издавале хит-синглови во Обединетото Кралство и во Канада и во текот на 1960-тите имале неколку успешни турнеи. На почетокот од 1970-тите, браќата почнале да објавуваат соло-песни; дуетот се распаднал во 1973 година.[13] Во 1983 година, Everly Brothers повторно се обединиле. Одвреме навреме настапувале заедно до смртта на Фил Еверли во 2014 година.

 
Браќата Еверли настапуваат во Њујорк, во 1980-тите

Фил Еверли починал од белодробна болест на 3 јануари 2014 година во Бурбенк, Калифорнија,[14] 16 дена пред неговиот 75-ти роденден.[15][16][17] Вдовицата на Фил, Пети, рекла дека виновник за смртта на нејзиниот сопруг била неговата навика за пушење, што предизвикало тој да развие хронична опструктивна белодробна болест.[18]

Дон починал во својот дом во Нешвил на 21 август 2021 година, на 84-годишна возраст.

Наводи

уреди
  1. Unterberger, Richie. „The Everly Brothers“. Allmusic. Посетено на September 20, 2021.
  2. „Down In The Bottom: The Country Rock Sessions 1966–1968 | The Everly Brothers“. Record Collector. March 23, 2020. Посетено на September 20, 2020.
  3. Hoffman, Jordan (August 22, 2021). „Don Everly, Half of the Everly Brothers, Pioneering Country-Rock Legend, Dies at Age 84“. Vanity Fair. Посетено на September 20, 2021.
  4. Празен навод (help)
  5. Oermann, Robert K. (December 17, 2021). „Margaret Everly Dies At Age 102“.
  6. 6,0 6,1 Unterberger, Richie. „Biography of the Everly Brothers“. AllMusic Guide. Посетено на September 20, 2009. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „AMG“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  7. Shearer, John. „Everly Brothers' mother, 99, recalls Bearden, Cas Walker and the ducktails“. Knoxville News Sentinel.
  8. „Everly Brothers Childhood Home“. Facebook (англиски). November 21, 2019. Архивирано од изворникот на February 26, 2022. Посетено на August 23, 2021.
  9. Pareles, Jon (January 4, 2014). „Phil Everly, Half of a Pioneer Rock Duo That Inspired Generations, Dies at 74“. New York Times. Посетено на January 4, 2014.
  10. MacGilbert, Molly (July 22, 2021). „The Untold Truth of the Everly Brothers“. Grunge. Посетено на September 11, 2021.
  11. 11,0 11,1 Lazell, Barry ed., with Dafydd Rees and Luke Crampton, Rock Movers & Shakers. Billboard Publications, New York, 1989, p. 171.
  12. „The Everly Brothers: Harmonies from Heaven“. BBC. Посетено на September 11, 2021.
  13. Marilyn and Hy Gardner, "Everly Brothers Too Close for Too Long". Springfield Union (MA), August 24, 1973, p. 27.
  14. Botelho, Greg; Todd Leopold (January 4, 2014). „Singer Phil Everly – half of legendary Everly Brothers – dies“. CNN. Посетено на May 28, 2014.
  15. „US Musician Phil Everly dies aged 74“. BBC. January 4, 2014. Посетено на January 4, 2014.
  16. Saul, Heather (January 4, 2014). „Phil Everly dead: World mourns younger of US rock and roll duo The Everly Brothers“. The Independent. Архивирано од изворникот на June 18, 2022. Посетено на January 4, 2014.
  17. Lewis, Randy (January 4, 2014). „Half of rock vocal duo the Everly Brothers“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на January 12, 2014. Посетено на May 28, 2014.
  18. Schmitt, Brad. „Phil Everly's widow shares the pain of his COPD death“. The Tennessean. Посетено на August 26, 2021.

Надворешни врски

уреди