Куќа и музеј на славата на кантри-музиката
Куќата и музеј на славата на кантри-музиката (англ. Country Music Hall of Fame and Museum) во Нешвил ― еден од најголемите светски музеи и истражувачки центри посветени на зачувување и промовирање на американската поп, фолк и кантри-музика. Бил отворен во 1967 година и претставува една од најобемните музички колекции во светот. [1]
Предната страна од музејот во 2022 | |
Основан | 1967 |
---|---|
Место | 222 Rep. John Lewis Way S Нешвил |
Тип | Историски музеј |
Посетеност | Преку 1.2 милиони во 2019 |
Директор | Кајл Јанг |
Мреж. место | countrymusichalloffame.org |
Историја на музејот
уредиИдејата за создавање на Куќа на славата на кантри-музиката се појавила кон средината на 1950-тите години како начин да се оддаде признание на најистакнатите претставници на кантри-музиката и за да се зачува историјата на жанрот. Музејот бил официјално отворен во 1967 година и се наоѓал во близина на Нешвил.[2] Оваа првична локација претставувала збирка на артефакти, снимки, фотографии и костими од познатите кантри-музичари.[3] Сепак, во текот на наредните децении, музиката продолжила да се развива и музејот постојано се проширувал.
Во 2001 година, Куќата и музеј на славата на кантри-музиката бил преместен на нова локација во центарот на Нешвил, каде се наоѓа и денес. Со оваа преселба, музејот добил модерна зграда со голем изложбен простор и специјално дизајнирани сали за изложби, настани и истражувања. Денес, тој претставува една од најзначајните музички институции во светот.
Куќа на славата на кантри-музиката
уредиКуќата на славата на кантри-музиката е посебен дел од музејот каде што им се оддава признание на највлијателните и најзначајни личности во историјата на кантри-музиката. За еден професионалец во областа на кантри-музиката, членството во Куќата на славните на кантри музиката е највисоката чест што може да му се додели во тој жанр. Почесната куќа на славата е создадена во 1961 година од страна на Здружението за кантри-музика (CMA); првите примени членови биле Хенк Вилијамс, Џими Роџерс и Фред Роуз.
Нови членови во Куќата на славата се примаат секоја година на посебна церемонија. Оваа чест се доделува на музичари, текстописци, продуценти и други личности кои имале значајно влијание врз развојот на кантри-музиката. Меѓу најпознатите членови на Куќата на славата се: Хенк Вилијамс, Елвис Пресли, Вили Нелсон, Петси Клајн, Лорета Лин, Мерл Хагард, Теми Вајнет, Џони Кеш и Доли Партон.
Музејски збирки и експонати
уредиКуќата и музеј на славата на кантри-музиката располага со богата и разновидна колекција која ги покрива сите аспекти на кантри-музиката. Некои од најзначајните експонати вклучуваат оригинални музички инструменти од познати пејачи како Џони Кеш и Доли Партон, костими од познати настапи, ракописи на текстови, како и ретки снимки и фотографии.
Една од најпопуларните изложби во музејот е „Sing Me Back Home“, која ја раскажува приказната за кантри-музиката од нејзините почетоци до денес. Музејот исто така редовно организира повремени изложби посветени на одредени музичари, групи, албуми или други аспекти од кантри-музичката сцена.
Наводи
уреди- ↑ „About“. Country Music Hall of Fame. Архивирано од изворникот на April 15, 2014. Посетено на January 14, 2016.
- ↑ Carey, Bill (October 6, 1994). „Old Site to Get New Purpose“. 90 (279). The Tennessean. стр. 3–A. Посетено на December 15, 2021.
- ↑ „About“. Country Music Hall of Fame. Архивирано од изворникот на April 15, 2014. Посетено на January 14, 2016.