Super Collider е четиринаесеттиот студиски албум од треш метал бендот Мегадет. Издаден е на 4 јуни 2013 година,[3] како прв албум во издаваштво на Мастејновата продукциска куќа Трејдкрафт. Музичките новинари и критика негативно го рецензирале албумот, најмногу поради присутните хард рок елементи во звукот. И покрај неповолните оцени, плочата дебитирала на 6. место на американската Билборд 200 табела. Овој пласман бил надминат само од две други студиски остварувања на оваа музичка група.

„Super Collider“
Студиски албум од Megadeth
Издаден4 јуни 2013
Снимен18 декември 2012-13 март 2013 во студиото Vic's Garage во Сан Маркос (Калифорнија)
ЖанрХеви метал, хард рок
Траење45:14
Издавачка куќаТрејдкрафт, преку Универзал
ПродуцентЏони Кеј и Дејв Мастејн
Megadeth — Хронологија
Thirteen
(2011)
Super Collider
(2013)
 Професионални оценки
Средна оценка
Извор Оценка
Metacritic 38/100[1]
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 2.5/5 ѕвездички
Blabbermouth.net 7.5/10
Brave Words & Bloody Knuckles 7.0/10
Classic Rock 8/10[2]
Exclaim! 4/10
The Lantern D−
Loudwire 3/5 ѕвездички
Metal Storm 5.5/10
PopMatters 2/10
Spin 5/10

Super Collider е исто така првиот албум на Мегадет по Cryptic Writings (1997) во кој немало промена на музичкиот персонал. На овој албум се наоѓа преработка на песната „Cold Sweat“ од бендот Тин Лизи, прв случај по So Far, So Good... So What! (1988) една не-авторска нумера да се најде во списокот на песни.

На омотот е прикажан Големиот хадронски судирач од ЦЕРН.[4] На позадината може да се забележи и присуството на Вик Ретлхед, но со многу слабо осветлување. Што се однесува до комерцијалниот успех на албумот, 29.000 оригинални примероци биле продадени во првата седмица од неговото излегување во САД.[5]

Список на песни

уреди
Бр. НасловТекстописци Траење
1. „Kingmaker“  Дејвид Елефсон, Дејв Мастејн 4:16
2. Super Collider“  Мастејн 4:11
3. „Burn!“  Мастејн 4:11
4. „Built for War“  Крис Бродерик, Шон Дровер, Мастејн 3:57
5. „Off the Edge“  Мастејн 4:11
6. „Dance in the Rain“ (гостува Дејвид Дрејнман)Мастејн 4:45
7. „Beginning of Sorrow“  Бродерик, Елефсон, Мастејн 3:51
8. „The Blackest Crow“  Мастејн 4:27
9. „Forget to Remember“  Мастејн 4:28
10. „Don't Turn Your Back...“  Мастејн 3:47
11. „Cold Sweat“ (преработка од Тин Лизи)Фил Лајнот, Џон Сајкс 3:10
Вк. траење:
45:14

Наводи

уреди
  1. „Super Collider - Megadeth“. Metacritic. CBS Interactive. Посетено на 17 јуни 2013.
  2. „Classic Rock Magazine (8/10 given in magazine)“. Future. Посетено на 5 јуни 2013.
  3. „Megadeth - New Album Street Date Revealed; Pre-Order Available“. Bravewords.com. Посетено на 25 март 2013.[мртва врска]
  4. „CERN Document Server“. CERN. Посетено на 13 April 2013.
  5. Caulfield, Keith. „Queens of the Stone Age Get First No. 1 Album on Billboard 200 Chart“. Billboard. Посетено на 13 јуни 2013.
  6. Super Collider Liner Notes [Best Buy Edition]. Universal Music. 2013.