Честер Бенингтон
Честер Чарлс Бенингтон (20 март 1976 – 20 јули 2017)[7] бил Американски музичар, текстописец и актер. Тој бил најдобро познат како еден од двата вокали на рок бендот Линкин парк и Dead by Sunrise.
Честер Бенингтон | |
---|---|
Честер Бенингтон изведувајќи на „Globe Arena“ во Стокхолм | |
Животописни податоци | |
Родено име | Честер Чарлс Бенингтон |
Познат(а) и како | Чези Чез |
Роден(а) | 20 март 1976 Финикс, Аризона, САД |
Потекло | Агура Хилс, Калифорнија, САД |
Починал(а) | 20 јули 2017 Калифорнија, САД | (возр. 41)
Жанрови | алтернативен рок,[1] алтернативен метал,[2] рап рок,[2][3] ну метал,[2][3][4][5][6] електронски рок |
Занимања | музичар, текстописец, глумец |
Инструменти | вокал, гитара, пијано, тапани |
Период на активност | 1993–2017 |
Издавачи | Warner Bros. |
Соработници | Линкин Парк, Dead by Sunrise, Julien-K, Grey Daze |
Мреж. место | cbennington.com |
Значајни инструменти | |
Hamer Vector flying V guitar Takamine Guitars Taylor Guitars Yamaha Guitars |
Ран живот
уредиБенингтон се родил на 20 март 1976 во Феникс, Аризона. Неговата мајка работела како медицинска сестра, додека татко му бил полициски детектив кој работел со деца жртви на сексуално насилство,[8] и често работел во две смени.[9] Родителите на Бенингтон се развеле кога имал 11 години, грижата за него ја презел неговиот татко.[9] После разводот, почнал да користи многу наркотици како кокаин, метамфетамин, опиум, алкохол, марихуана,[10][11] и ЛСД.[9]
На 17 години, Бенингтон се преселил да живее со мајка му, која откако дознала дека користи дрога му забранила да излегува од дома.[9] Работел во Бургер Кинг пред да започне неговата професионална кариера како музичар. Во меѓувреме, Честер успеал да ја преброди зависноста од дрогата, и во едно од неговите интервјуа најавил дека ќе се откаже од користењето дрога.[12]
Во едно интервју, открил дека бил сексуално злоставуван од страна на негов повозрасен другар на седум годишна возраст.[13] Честер плашејќи се не побарал помош затоа што не сакал луѓето да мислат дека е хомосексуалец или дека лаже, па така злоупотребата продолжила сè додека не наполнил 13.[9] Злоупотребата и ситуацијата дома му влијаеле толку силно што чувствувал потреба „да убива луѓе“ и да побегне.[9] За да се утеши, почнал да слика, да пишува поезија и песни.[9] Тој подоцна го открил идентитетот на насилникот на неговиот татко, но решил да не го продолжува случајот затоа што сфатил дека насилникот бил исто така жртва.[11]
Наводи
уреди- ↑ „Linkin Park - Alternative Addiction.com“. Архивирано од изворникот на 2012-04-07. Посетено на 2013-03-02.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 AllMusic profile
- ↑ 3,0 3,1 Loudwire
- ↑ Album review (AllMusic)
- ↑ NME.com
- ↑ Linkin Park review @ the Guardian
- ↑ White, Caitlin (20 јули 2017). „Chester Bennington And Linkin Park Had Plans for a Band Photo Shoot Today“. Uproxx. Посетено на 20 јули 2017.
- ↑ Fricke, David. “Rap Metal Rulers” Архивирано на 24 декември 2005 г., Rolling Stone No. 891, March 14, 2002
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Bryant, Tom (January 23, 2008). „Linkin Park, Kerrang!“. Kerrang!]]. Посетено на November 28, 2012. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Apar, Corey, Chester Bennington Biography Архивирано на 14 јуни 2012 г., mtv.com, Посетено на June 27, 2007.
- ↑ 11,0 11,1 Simpson, Dave (July 7, 2011). „Linkin Park: 'We're famous, but we're not celebrities'“. guardian.co.uk. Посетено на November 28, 2012.
- ↑ Bradenton Herald, Bradenton: Mo' Money Mo' Problems Архивирано на 23 мај 2008 г. (August 13, 2004), Linkin Park Association; посетено на June 27, 2007.
- ↑ „Linkin Park's Chester Bennington: 'I was a raging alcoholic'“. nme.com. July 14, 2011. Посетено на November 28, 2012.
Надоврешни врски
уреди„Честер Бенингтон“ на Ризницата ? |
- Профил на Linkinpark.com Архивирано на 7 април 2010 г.