Серхио Гарсија

(Пренасочено од Sergio Garcia)

Серхио Гарсија (шпански: Sergio García) (роден 9 јануари 1980), уште познат и како El Niño, е шпански професионален играч на голф, кој игра за двата турнира: United States PGA Tour и European Tour. Поголем дел од својата кариера има поминато меѓу првите десет од ранг списокот на официјалната светска голф квалификација (Official World Golf Rankings). Му претстои професионално и големо првенство, но последните две години нема извојувано ниту една победа, вклучувајќи ја загубата на првенството (2007 Open Championship) во плејофот.

Серхио Гарсија
Серхио Гарсија

Животопис

уреди

Приказ на кариерата

уреди

Гарсија започнува да игра голф на тригодишна возраст, подучуван од неговиот татко. Тој беше ѕвезда како јуниор, победувајќи го неговото клупско првенство на дванаесетгодишна возраст. Четири години подоцна, постигнува рекорд како најмлад играч, овозможувајќи квалификација на турнирот European Tour во 1995 година на Turespana Open Mediterranea. Исто така во 1995 година, тој станал најмладиот играч на голф, кој издвоил победа на европското аматерско првенство (European Amateur Championship). Гарсија станал професионалец во 1995 година после постигнувањето на најнискиот аматерски резултат на натпреварот Masters Tournament.

Во 1999 година на првенството (PGA Championship), Гарсија прв постигнал одлична положба во двобој со противникот Tiger Woods, каде што завршил втор. Подоцна во финалната рунда, Гарсија го направи неговото најпрочуено фрлање: со топчето против дрвен трупец и зелениот скриен видик, тој замавнал со прецизен фокус и направил благ лак, така што топчето ја преминало зелената пречка. Потоа, како спринтер, нестрпливо претрчал за да го види резултатот.

Кога Гарсија прв станал професионалец, тој имал еден навообичаен замав со голем лак во вид на јамка, но минувајќи низ 2003 сезона тој работел со цел да го направи својот замав повеќе вообичаен. Во раните години, тој повеќепати ги стискал, ослободувал и опуштал неговите раце на рачната палка сè додека, конечно, не добие погодок. Оваа интересна навика била возбудлива за гледачите, посебно на првенството 2002 US Open, кога галирија од луѓе гласно ги броела стисоците на неговите раце, така бројот на стисоци се движел околу дваесетина.

На тој начин Гарсија се ослободил од навиката. Однесувајќи се на критикувањатаза неговиот замав, Серхио изјавил, „Мојот замав работи за мене, па зошто да го менувам? Повеќе би сакал да имам природен замав и да играм добро, отколку совршен замав и да не можам да играм добро”. За првпат, победил на натпреварот PGA Tour tournament во Форт Ворт, Тексас и победил повторно на натпреварот Buick Classic истата година.

Во 2002 година тој победил на првенството Mercedes Championships и во 2004 година, Гарсија победил на првенството EDS Byron Nelson Championship и на Buick Classic по вторпат. Неговата шаста PGA-победа дојде на Booz Allen Classic натпреварот во 2005 година. Тој, исто така, игра на финалната игра на европскиот наторевар European Tour, каде победуваше веќе шест пати. Гарсија беше член на European Ryder Cup тимот во 1999, 2002, 2004 и 2006, и постигна еден импресионерачки рекорд на Ryder Cup со 14-3-3 резултат. Три од неговите појавувања, резултираа во големи победи, па влезот на Гарсија во тимот се докажа како непроценлив.

Тој го заслужил местото на топ пет списокот на Official World Golf Rankings, но после неактивната 2006 сезона, испаднал од топ десет листата. Во 2006 Ryder Cup-купот]], на K Club-клубот во Ирска, Гарсија ги победил двете негови fourball и foursome мечеви (со Хосе Марија Олазабал и Лук Доналд, соодветно), првиот ден, соборувајќи го Дејвид Томс и Брет Ветерик во fourball-от и Tiger Woods и Џим Фјурикс во foursome-от.

Вториот ден, Гарсија беше повторно во двобој со Олазабал, кој ги победил двата мечеви против Фил Мајклсон и Крис Ди Марко во двата foursome и fourball. Наближувајќи се кон финалниот ден, за Гарсија се зборуваше дека тој ќе биде првата личност, што ќе ги победи сите мечеви во Ryder Cup-от, но Стјуарт Синк го собори со 4 и 3. Европа повторно го победи купот со 18-1/2 бода, а Обединетите Нации загубија со 9-1/2 бода.

По неуспехот во првите две мајор првенства во 2007 година, Гарсија го пронашол успехот на првенството The Open Championship, неговиот најомилен од вкупно четирите првенства на Carnoustie Golf Links. Тој стапил во водство по секоја од првите три рунди и ги чувал трите погодоци водство над Steve Stricker и шасте погодоци водство на останатиот терен во почетокот на четвртиот ден. На почетокот од последната рунда го покачил водството на четири погодоци, но калливиот терен околу петтата, седмата и осмата дупка го вратил назад.

На последната предизвикувачка дупка, му фалело уште малку за да победи, но не успеал да се подготви поради зелената пречка. Последната постава на осумнаесеттата дупка одржана во Сабота, би му го обезбедила неговото прво професионално мајорство. Тој тоа го изгубил за малку и го надградил плејофот со Padraig Harrington за да, евентуално, не загуби за еден удар. На неговата постконференција, гледал да дава сугестии за тоа дека неговите лоши прекршоци го чинело неговото отсуство на првенството. Минувајќи низ плејофот, на шеснаесеттата дупка, фрленото топче го занесе знаменцето, но потоа тоа отскокна дваесет стапала од целта, и Гарсија не можешеда ја преобрази ситуацијата. „На жалост, ова не е прв случај ”, изјавил Гарсија. „Не знам... Играм против многу момци, таму, повеќе и од самиот терен ”.Во 2007 година на првенството (PGE Championship), Гарсија беше дисквалификуван после најавувањето на некоректната пресметка по третата рунда.

Личен живот

уреди

Серхио Гарсија е неженет и вози Ferrari 360 Modena и Jaguar XJR. Негови бивши девојки се:Martina Hingis, број еден во светот, која многу му помогнала на Гарсија околу емоционалната страна во играта и ќерката на Greg Norman, Morgan-Leigh Norman, која дипломирала на Бостонскиот колеџ.

Опрема за голф

уреди

Моментално, Гарсија е спонзориран од Taylor Made Golf и ги користи скоро сите Taylor Made палки. Најновиот изглед на неговата професионална торба се појави на интервјуто со Golf Digest Magazine. Неговата опрема ги поседува следниве својства:

  • пренесувач: Taylor Made r7 Super Quad TP 9.0˚ (Marked 9.5˚), Taylor Made Fujikura RE.AX 105 TP;
  • дрво: Taylor Made r7 TP 13.5˚ (Marked 15˚) (3 Wood), RE.AX 105 TP;
  • железо: Taylor Made rac MB TP (2-PW), Royal Precision Project X Rifle Shafts;
  • клинови: Taylor Made rac Satin 52˚ (Marked 15˚) (Approach/Sand Wedge), Titleist Vokey Design 58˚ (Sand/Lob Wedge);
  • лепило: Taylor Made Rossa Monza Corza AGSI;

Исто така, Гарсија игра со најновото Taylor Made TP Red топче. Taylor Made, воедно, работел за развој на дизајнот на топчето за голф, и Гарсија бил признат како голем придонесувач во тој процес. Исто така, постои неформална видео документација од една пресконференција каде Dean Snell, главниот директор на R&D (Taylor Made), зборува за новите TP топчиња за голф, додека Гарсија демонстира неколку удари.

Победи на PGA Tour

уреди
  • 2001 (2) Master Card Colonial, Buick Classic;
  • 2002 (1) Mercedes Championships;
  • 2004 (2) EDS Byron Nelson Championships, Buick Classic;
  • 2005 (1) Booz Allen Classic;

Победи на European Tour

уреди
  • 1999 Murphy’s Irish Open, Linde German Masters;
  • 2001 Trophée Lancôme;
  • 2002 Canarias Open de Espana;
  • 2004 Mallorca Classic;
  • 2005 Omega European Masters;

Други професионални победи

уреди
  • 1997 Catalonian Open Championship, Шпанија (неевропски настан);
  • 2001 Nedbank Golf Challenge, Јужна Африка (неофициален настан);
  • 2002 Kolion Cup Korean Open, Азија;
  • 2003 Nedbank Golf Challenge, Јужна Африка (неофициален настан);

Тимски појавувања

уреди

Гарсија во текот на својот живот се појавувал и имал учество во повеќе натпревари и тоа како Аматер:

  • Eisnhower Trophy: 1996, 1998;
  • St. Andrews Trophy: 1996,1998;
  • Junior Ryder Cup: 1995, 1997;
  • Jacques Leglise Trophy: 1994, 1995, 1996, 1997, 1998;

Професионалец:

  • Ryder Cup (претставувајќи ја Европа): 1999, 2002, 2004, 2006;
  • WGC-World Cup (претставувајќи ја Шпанија): 2001, 2004, 2005;
  • The Seve Trophy (претставувајќи ја Европа): 2000, 2003;
  • Alfred Dunhill Cup (претставувајќи ја Шпанија): 1999;

Кулминација во кариерата

уреди
  • Во 2002 година, за време на една практична вежба, Гарсија направил Albatross (дупли орел) на петтиот одел во второто дупче на Masters теренот, и тој е еден од неколкуте играчи некогаш го направиле тоа.
  • Серхио и таткото на неговата девојка, Greg Norman, формираа нов курс по голф во Сан Антонио.

Резултати во главните првенства

уреди
Турнир 1996 1997 1998 1999
The Masters DNP DNP DNP T38 LA
U.S. Open DNP DNP DNP DNP
The Open Championship CUT DNP T29 CUT
PGA Championship DNP DNP DNP 2
Турнир 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007
The Masters T40 CUT 8 T28 T4 CUT 46 CUT
U.S. Open T46 T12 4 T35 T20 T3 CUT CUT
The Open Championship T36 T9 T8 T10 CUT T5 T5 2
PGA Championship T34 CUT T10 CUT CUT T23 T3 DQ

LA = Low Amateur
DNP = did not play
CUT = missed the half way cut
DQ = disqualified
"T" indicates a tie for a place.
Зелена боја за победи. Жолта боја за Топ-10.

Литература

уреди

The Gigantic Book of Golf Quotetions, ed. Jim Apfelbaum. 2007. Garcia disqualified for signing incorrect scorecard. http://www.golfdigest.com/features/index.ssf?/features/gd200202sergio.html Архивирано на 14 март 2006 г. http://www.golfdigest.com/majors/usopen/index.ssf?/majors/usopen/gw2002621dias.html[мртва врска] http://www.sportsnews24h.com/Golf/Sergio-Garcia/girlfriend.html http://www.news.com.au/perthnow/story/0.21598.20503054-949.00.html[мртва врска]

Надворешни врски

уреди