Running Scared“ — песна изведена од страна на азербејџанскиот дует Елдар и Нигар, познати и како Ели и Ники. Песната му донела победа на Азербејџан на Евровизија 2011, одржана во Диселдорф, Германија.[1] Во финалето одржано на 14 мај, песната победила со освоен 221 бод откако претходно обезбедила учество преку првото полуфинале на 10 мај. Со тоа, Ели и Ники станале првиот мешан дует кој победил на Евровизија по 1963 година, како и први победници кои настапувале за Азербејџан.

"Running Scared"
Сингл на Елдар и Нигар
Пуштенмарт 2011
ФорматCD-сингл, дигитално симнување
Снимен2011
Жанрпоп
Должина2:59
Текстописец/иСтефан Ерн, Сандра Бјурман, Јејн Фаркухарсон
Азербејџан „Running Scared“
Евровизија 2011
земјаАзербејџан
пласман
позиција во полуфинале2
бодови во полуфинале122
финален пласман1
бодови во финале221

Заднина

уреди

Пред објавувањето на Running Scared, ниту еден од пејачите немале настап во дует. Според Елдар Гасимов, обајцата пејачи на сцената биле несигурни дали еден таков проект ќе биде успешен.[2] Освен тоа, по нивната победа на Евровизија, запрашани во интервју за Daily Mail дали планираат да продолжат да соработуваат во иднина, Нигар Џамал изјавила дека нејзин основен приоритет бил да брка поединечна кариера, иако таа не ја исклучила можноста за повеќе заеднички проекти со Елдар Гасимов.[3]

Снимање и избор

уреди
 
Ели и Ники за време на настапот во финалето

Running Scared била избрана од околу 70 поднесени песни од Азербејџан и од странство, кои биле прифатени од страна на ТВ Иџтимаи во периодот од четири седмици по 10 јануари.[4] Елдар Гасимов изјавил дека песната била совршена комбинција од различните стилови, гласови и духови на двајцата пејачи.[5]

Автори на песната се Стефан Ерн и Сандра Бјурман од Шведска и Јејн Фаркухарсон од Обединетото Кралство. Ерн и Бјурман исто така биле автори и на песната „Drip Drop“, којашто го претставувала Азербејџан на Евровизија 2010.[1]

Акустичката и ремикс-верзија биле изработени од страна на германскиот ди-џеј Азидо да Бас во втората половина на април 2011.[6]

Running Scared поставила нов рекорд како евровизиски победник со најмал број на освоени бодови, освојувајќи 5,26 бодови по жири-комсија во просек, со тоа соборувајќи го претходниот рекорд во сопственост на песната од Елена Папаризу My Number One којашто победила во 2005 година.

Музички видео-запис

уреди

Официјалниот видео-запис за Running Scared бил објавен на 11 април 2011 и бил во режија на Тармо Крим.[7] На записот му претходел друг видео-запис, објавен во март истата година. Крим, кој исто така бил режисер на Евровизија 2002, одржана во неговата матична Естонија, го добил правото да го режира записот откако својот предлог го поднел во февруари 2011.[8]

Видео-записот бил снимен во јужен Крим,[8] прикажувајќи го Ели како прави фотографии од Ники, која се појавува како седи на гребен со лабрадор ретривер и се превезува со жичница. Овие сцени се наизменично прекинати од снимки на Ели и Ники како пеат одвоено и заедно. На крајот, Ели е прикажан како се искачува на гребенот додека Ники нежно гледа кон него, по што обајцата се спојуваат и последниот рефрен го пејат заедно, свртени лице в лице.

Табели

уреди

Седмични табели

уреди
Табела Највисоко
место
Австрија (Ö3 Austria Top 75)[9] 22
Белгија (Ultratop 50 Фландрија)[10] 37
Белгија (Ultratip Валонија)[11] 7
Германија (Media Control AG) 33
Ирска (IRMA)[12] 41
Холандија (Мега Сингл Топ 100)[13] 59
Романија (Romanian Top 100)[14] 99
Русија (Digital Chart)[15] 10
Словачка (IFPI)[16] 50
Швајцарија (Media Control AG)[17] 11
UK Singles (The Official Charts Company)[18] 61

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Eurovision Azerbaijan - Eldar & Nigar will represent Azerbaijan with the song "Running Scared"! (Download the original song in the continuation of article)“. Eurovisionaz.com. Посетено на 19 мај 2011.
  2. „Воробьёва уложила на лопатки лондонская домохозяйка“. Ekspress (руски). Посетено на 26 мај 2011.
  3. 'I don't know if we'll continue as a duo': Eurovision winner Nikki Jamal casts doubt on future of Ell/Nikki during an appearance on Loose Women“. Daily Mail. London. 20 May 2011. Посетено на 26 мај 2011.
  4. „Azərbaycanı "Eurovision-2011" Mahnı Müsabiqəsində "Running Scared" mahnısı təmsil edəcək“. itv.az (азербејџански). Архивирано од изворникот на 2011-03-16. Посетено на 14 март 2011.
  5. „Azərbaycanın "Eurovision-2011" müsabiqəsindəki mahnısı açıqlanıb“. Apa.az (азербејџански). Архивирано од изворникот на 2012-04-04. Посетено на 14 март 2011.
  6. "Running Scared" mahnısının akustik və remix versiyaları hazırlanıb“. İTV (азербејџански). Архивирано од изворникот на 2013-10-15. Посетено на 29 април 2011.
  7. "Running Scared" mahnısının klip çəkilişləri artıq başa çatıb“. İTV (азербејџански). Архивирано од изворникот на 2014-01-08. Посетено на 8 април 2011.
  8. 8,0 8,1 (руски) Режиссер клипа азербайджанского дуэта Eldar & Nigar оценил шансы наших представителей на "Евровидении 2011". Day.az. 1 May 2011.
  9. "Ell/Nikki – Running Scared Austriancharts.at" (in German). Ö3 Austria Top 40. Hung Medien.
  10. "Ultratop.be – Ell/Nikki – Running Scared" (на холандски). Ultratop 50. Ultratop & Hung Medien / hitparade.ch.
  11. "Ultratop.be – Ell/Nikki – Running Scared" (на француски). Ultratip. ULTRATOP & Hung Medien / hitparade.ch.
  12. "Chart Track". Irish Singles Chart. GfK.
  13. "Dutchcharts.nl – Ell/Nikki – Running Scared" (на холандски). Mega Single Top 100. Hung Medien / hitparade.ch.
  14. „Romanian Top 100“. kissfm.ro. 2011-05-15.
  15. „Трижды платиновая“. 2M. Lenta.ru. 2012-04-06.
  16. ds. „IFPI Slovakia Track Info: Eldar & Nigar, "Running Scared". Ifpicr.cz. Посетено на 2011-05-19.
  17. "Ell/Nikki – Running Scared swisscharts.com". Swiss Singles Chart. Hung Medien.
  18. http://acharts.us/song/63320

Надворешни врски

уреди
Награди и достигнувања
Претходник
Satellite“ од Лена
Победници на Евровизија
2011
Наследник
Еуфорија“ од Лорин
Претходник
Drip Drop“ од Сафура
Азербејџан на Евровизија
2011
Наследник
When the Music Dies“ од Сабина Бабаева