Рики Мартин

(Пренасочено од Ricky Martin)

Енрике Мартин Моралес (шпански: Enrique Martín Morales[1], 24 декември 1971, Сан Хуан, Порторико) или попознат како Рики Мартин (англиски: Ricky Martin) — порторикански пејач, текстописец и глумец кој се стекнал првичната слава со бендот Менудо, но по 1991 година ја продолжил својата кариера како соло пејач.

Рики Мартин
Ricky Martin
Родено имеЕнрике Мартин Моралес
Познат(а) и какоРики Мартин
Роден(а)24 декември 1971
ПотеклоСан Хуан, Порторико
Жанровипоп-музика
Занимањапејач, текстописец, глумец
Период на активност1984–денес
ИздавачиColumbia (1999-денес)
Sony Music Norte
(2003-денес)
Sony Discos (1995-2003)
Sony Music Mexico
(1991-1995)
Мреж. местоRicky MartinMusic.com

За време на неговата кариера тој продал повеќе од 60 милиони албуми во светот.[2] Тој исто така е основач на Фондацијата Рики Мартин (Fundación Ricky Martin) која е непрофитабилна хуманитарна организација.

Животопис

уреди

Рики Мартин е роден на 24 декември 1971, во Сан Хуан во Порторико. Кариерата ја има започнато како член на латиноамериканската група Менудо, по што во 1990 започнал да гради своја соло кариера. Откако го завршил средното образование, го напуштил Сан Хуан и се пресели во Њујорк. Во САД кариерата ја започнува во неколку сапуници и театрии за своите глумечки способности во 1993 година ја има добиено наградата „Хералдо“.

Во 1994 година се преселил во Лос Анџелес. Во 1995, целосно се посветил на неговата пејачка кариера, издавајќи го неговиот трет албум. До 1998, се посветил на Бродвеј, за да истата година го издаде четвртиот албум кој постигнал платински тираж. На Светскиот ФИФА куп е избран да ја пее песната „Copa de la Vida“, неговиот прв светски познат хит.

Во 1999, Рики го издал првиот албум на англиски јазик. Како продуценти на албумот се јавиле Десмонд Чајлд, Даен Ворен и Вилијам Орбит, а Мадона се појавила како специјален гостин. Потоа се ределе хитови како „Livin' La Vida Loca“ која добила 7 пати платинест тираж со 22 милиони копии. Во ноември 2000, излегол англискиот албум „Sound Loaded“, кој ги донел хитовите „She Bangs“ и добропознатиот дует со Кристина Агилера „Nobody Wants to Be Lonely“. Рики веднаш се искачил на првите места на сите светски музички листи. Во 2001 Мартин го пушта албумот насловен „La Historia“, кој ги содржел неговите најдобри хитови испеани на шпански. Нешто подоцна, истиот албум „The Best of Ricky Martin“, препеан на англиски, е продаден во над милион примероци. Досега, Рики Мартин има продадено над 55 милиони примероци од своите албуми.[3]

Од светскиот магазин „People“ тој е номиниран за еден од најубавите мажи во светот. Тој, исто така е основач на Фондацијата Рики мартин, непрофитна организација која собира пари за сиромашните и болните.

Приватен живот

уреди

На почетокот од својата кариера Рики Мартин тврдел пред медиумите дека е вљубен во мексиканската ТВ водителка Ребека де Алба, со која имал непостојана врска цели 14 години и наводно да ја побара за жена, но со излегувањето на албумот „Life“ тој потврдил дека неговата врска со Де Алба е прекината.[4] По ова, животот на Рики Мартин оди под микроскопот на медиумите и публиката, задирајќи во неговиот приватен живот и сексуалната ориентација. Сепак, тој ниту ги одбегнувал прашањата на новинарите, ниту пак одговарал на нив дека е хетеросексуалец, со што би ги запрел гласините дека е хомосексуалец.

Сепак за магазинот „Plus 7 Days“, тој изјавил:

„Јас сум современ човек, живеам потполн живот, не чувствувам никакви бариери во себе. Современиот свет го сфаќам како отворен форум, каде ништо не е забрането, освен криминалните активности. Ако сум геј, зошто не би признал? Јас сум нормален маж, кој сака жени и секс. Јас сум вистински Порториканец со жешка крв, но никогаш не ме привлекувале мажи...“[5]

Како и да е, во март 2010 година Рики Мартин и офцијално објавил дека е хомосексуалец и дека е горд на тоа.

На 20 август 2008 година, Рики Мартин објавил дека станал татко на две момчиња-близнаци. Бебињата се родиле по пат на гестационална сурогација односно со помош на сурогат-мајка.[6] На 10 декември Мартин ги објави и имињата на бебињата Валентино и Матео. Моментално, Рики е повлечен од сцената, посветувајќи се целосно на своите деца.[7]

Дискографија

уреди

Студиски албуми на шпански
Студиски албуми на англиски
Албуми во живо
Комплиациски албуми

Филмографија

уреди
  • 1987 : „Por siempre amigos“ - ТВ серија во улогата Рики
  • 1990 : „Alcanzar una estrella“ - ТВ серија во улогата Пабло Лоредо
  • 1991 : „Alcanzar una estrella II“ - ТВ серија во улогата какп Пабло Лоредо
  • 1992 : „Más que alcanzar una estrella“ - во улогата Енрике
  • 1993 : „Getting By“ - ТВ серија во улогата Мартин
  • 1993 : General Hospital - ТВ серија во улогата Мигел Морез
  • 1996 : „Barefoot in Paradise“ - ТВ серија во улогата Сандовал
  • 2002 : „Les Diables“ - во улогата Брајан Родригес
  • 2003 : „Ricky Martin: En la intimidad“ - како гостин
  • Phua Chu Kang Pte Ltd - како Рики Мартин
  • General Hospital - ТВ серија во улогата Мигел Морез
  • Les Miserables - ТВ серија во улогата Мариус
  • Alcanzar una estrella - ТВ серија

Турнеи

уреди
Ricky Martin Tour (1992)
Me Amaras Tour (1993 - 1994)
A Medio Vivir Tour (1995 - 1997)
Vuelve World Tour (1998)
Livin' la Vida Loca World Tour (1999 - 2000)
Una Noche Con Ricky Martin World Tour (2005 - 2006)
Black & White Tour (2007)

Наводи

уреди
  1. Erlewine, Stephen Thomas. „Ricky Martin - Biography“. Allmusic. Посетено на 2009-04-08.
  2. „Fans shriek as Ricky Martin gets his star“. MSNBC. 2007-10-16. Архивирано од изворникот на 2008-04-23. Посетено на 2010-04-01.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-02-27. Посетено на 2009-03-07.
  4. http://www.youtube.com/watch?v=NjdwrxtfHm0
  5. http://www.planetout.com/news/feature.html?sernum=185
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2009-03-07.
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-03-07. Посетено на 2009-03-07.

Надворешни врски

уреди