Пјаца Навона

(Пренасочено од Piazza Navona)

Координати: 41°53′56″N, 12°28′23″E

Пјаца Навона (италијански: Piazza Navona) е плоштад во Рим. Плоштадот е направен според план на Римски циркус, 1-во вековниот Стадион на Домицијан[1], каде Римјаните доаѓале да гледаат агони („игри“): денешното име настанало со искривоколчување на изразот во агонија, во nagone и navona, што на Италијански значи „голем број“.

Фонтаната на четирите реки со египетски обелиск, во средината на Пјаца Навона
Пјаца Навона

Дефиниран како плоштад во последните години на 15-от век, кога градскиот пазар бил префрлен овде од Кампидољо, Пјаца Навона денес е гордост на барокен Рим. Има скулптури и архитектонски дела од: Џан Лоренцо Бернини, познатата Фонтана на четирите реки, 1651) во средината; Франческо Боромини и Џироламо Рајналди, црквата Света Агнеса во Агонија; и од Пјетро да Кортона, кој ја насликал галеријата во палатата Пампиљ.

Традиционалниот пазар во 1869 бил преместен во Кампо де Фјори, но плоштадот е исто така традиционален домаќин на театарски и куклени претстави, трки на коњи, двобои на витези. Од 1652, секоја сабота и недела во август, плоштадот се претворал во езеро за да се слави фамилијата Пампиљ. Прославата била прекината во 1866.

Пјаца Навона содржи уште две фонтани на Џакомо дела ПортаНептуновата фонтана (Fontana di Nettuno) од (1574), сместена во северниот дел на Пјаца Навона, и Фонтана на Маварот (Fontana del Moro) од (1576), сместена во јужниот дел на плоштадот.

Други споменици на плоштадот се:

  • Палатата на Купис (Palazzo de Cupis)
  • Палатата Торес Масимо Ланчелоти (Palazzo Torres Massimo Lancellotti)
  • Црквата „Богородица на Светото срце“ Nostra Signora del Sacro Cuore
  • Палатата Браши (Музеј на Рим) Palazzo Braschi (Museo di Roma)

Наводи

уреди
  1. Roth, Leland M. (1993). Understanding Architecture: Its Elements, History and Meaning (First. изд.). Boulder, CO: Westview Press. стр. 233. ISBN 0-06-430158-3.
  • Norwich, John Julius, ed. (1988). The World Atlas of Architecture. New York: Portland House. стр. 302. ISBN 0-517-66875-0.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Rendina, Claudio, ed. (2003). La Grande Enciclopedia di Roma. Rome: Roma : Newton & Compton. ISBN 88-8289-316-2.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди