Maras (музичка група)

(Пренасочено од Maras)

Maras (кирилично: Марас) — македонска блек метал група формирана во 2003 година, на југот од нашата земја во Гевгелија.[1] Групата има снимено неколку демо снимки, од кои една е официјално издадена преку македонската андерграунд издавачка куќа Terror Blast, како сплит издание заедно со бендовите Vinterthrone и Tremula. Основач на Maras е Андреј Караџоски - Авет и досега групата има сменето неколку постави. Веќе подолго време во бендот е и тапанарот Ристо Алчинов.

Марас
логото на Марас
Животописни податоци
ПотеклоГевгелија, Македонија
Жанровиблек метал, пагански метал, спид метал
Период на активност2003-денес
ИздавачиTerror Blast, Alatir
СоработнициVinterthrone, Tremula, Inferno, Adultery, Besatt, The Stone
Членови
Андреј Караџоски
Ристо Алчинов
Горан Илиевски
Владимир Димитровски
Поранешни членови
Коста Џотов
Марјан Атанасов

Музиката што Maras ја создаваат е доста специфична за метал сцената на овие простори, токму заради спојот помеѓу тврдокорниот, остар и суров блек метал звук и македонскато етно испреплетено со неправилните ритми и карактеристичните архаични, изворни звуци на народните инструменти. Тука се и влијанијата на многу други видови музика како блузот, класиката итн.

Името Марас е всушност древен народен поим којшто влече корени од старословенската митологија, каде што Марасите се зли духови на кошмарите. Некаде истите се поврзуваат со името на божицата Морана (Мора, Мара). Всушност, најверојатно од тука произлегува и самиот поим “ноќна мора“. И самата идеологија на Maras е доволно објаснување зошто групата го користи ова име.

Постава

уреди

Моментална постава

уреди
  • Андреј Караџоски - вокал и гитара
  • Ристо Алчинов - тапани
  • Горан Илиевски - гитара
  • Владимир Димитровски - бас

Поранешни членови

уреди
  • Кобник - бас гитара (2003) (2006)
  • Залтис - бас гитара (2004 - 2005)

Историја

уреди

Основање и почетоци

уреди

Maras се формирани во 2003 година од страна на Андреј Караџоски - Авет (вокал, гитара) и Коста Џотов - Кобник (бас). Уште на самиот почеток бендот почнува да работи како one-man проект затоа што, како резултат на незаинтересираност, Кобник го напушта истиот. Авет го снима првото демо Орлова планина кое до ден денес не е официјално издадено. Кон крајот на 2004 создаден е новиот материјал под името Harvest of the Firefern, кој, иако со поинаков - амбиентален карактер, одиграл голема улога во творештвото на бендот.

Втората постава

уреди

Во почетокот на 2005 година, Авет почнува со работа на нов материјал и во исто време овој one-man проект повторно си ја вратил титулата бенд со доаѓањето на новиот басист Марјан Атанасов - Залтис. Со самото тоа се случуваат и првите живи настапи на Maras, но местото на тапанист го заменува ритам машината. Со доаѓањето на 2006 година, Залтис го напушта бендот и како негова замена доаѓа Ристо Алчинов - Смртоствор, кој подоцна го заменил инструментот и до ден денес е постојан тапанист на Maras. Новиот материјал конечно бил завршен и за првпат официјално издаден од страна на Terror Blast продукција во вид на сплит (поделено) издание заедно со бендовите Tremula и Vinterthrone. Воедно, Hellfire's Trinity претставува првиот македонски блек метал сплит и воопшто официјално блек метал издание.

Во текот на оваа година се случуваат и поважните живи настапи на бендот, меѓу кои и перформансот на United Slavic Swords fest#2 во Белград, каде Maras настапија со неколку светски познати блек метал имиња како: Adultery, Inferno, Besatt, The Stone... Карактеристично е и тоа што во 2006 Maras ја комплетирале својата постава со првиот басист Кобник, кој, за жал, повторно го напуштил бендот кон крајот на годината.

Настапи со странски бендови

уреди

Во зимата 2007 настапуваат неколкупати со повремени басисти и прават подолга пауза од живи свирки токму заради овој проблем - недостатокот на басист, за конечно во август истата година да им се придружи басистот Горјан Василески (Mortality). Во текот на оваа година Maras доживуваат неколку успешни и важни настапи, меѓу кои и оној на Дојди Веслај фестивалот во Струга, што го издигнал бендот на многу повисоко ниво. Исто така, кон крајот на оваа година, како „предалбумско“ загревање, Terror Blast продукција го издаваат ексклузивното сплит издание заедно со добро познатиот фолк блек метал бенд од Шпанија - Xerion. Марасовиот дел од сплитот, наречен Through the Lands of Ancient Makedon, содржи 5 нумери кои всушност претставуваат македонски традиционални песни обработени во најсурова блек метал форма. Овој сплит својата промоција ја доживува во средината на ноември 2007 година, кога Maras настапуваат како предгрупа на белгиските пагански метал легенди - Ancient Rites.

Првиот студиски албум и идни планови

уреди

2008 е пресудна за поставувањето на првиот цврст столб во кариерата на бендот. Оваа година се случуваат неколку настапи во внатрешноста на Македонија, а како најважен двигател се одржува и првата мини-турнеја на бендот, наречена “Viva La Provincia tour”, заедно со уште две одлични домашни метал групи: Aeon Arcanum од Кочани и Titanium од Струга.

Со својата идеологија заснована на славјанскиот паганство, мистеријата на животот и смртта и епските и историски теми, Maras и понатаму продолжуваат да ја шират идејата за еден вид „космополитско“ единство на целиот пагански свет, анти-национализам и вечната борба против најголемата религиска институција - христијанството, виновно за покрстувањето и уништувањето на културата на древните пагански цивилизации во Европа. Со таа цел, во декември 2008, после пет години егзистенција на македонската метал сцена, Maras го издаваат својот деби-албум наречен Раскол - декларација за откажување од слепилото на христијанството за сметка на моќниот паганство!

Дискографија

уреди

Омоти од нивните албуми

уреди

Текстови

уреди

Текстовите на Maras се инспирирани најмногу од старословенската митологија и верувањата на нашите пагански предци. Исто така постојат и текстови со филозофски, социјални и анти-националистички тематики. Сите текстови се дело на Андреј Караџоски.

Белешки

уреди
  1. Делот на Maras од овој сплит е наречен Химни од деветте кралства.

Наводи

уреди
  1. „Metal.mk Maras“. Архивирано од изворникот на 2011-10-30. Посетено на 2013-01-29.

Надворешни врски

уреди