Владимир Димитровски

Владимир Димитровски - македонски фудбалер, член на македонската фудбалска репрезентација.

Животопис

уреди

Професионална кариера

уреди

На крајот од летото 2015 година, откако неговиот клуб ФК „Керкира“ не добил дозвола да игра во првата лига на Грција, Димитровски се преселил во ФК „Карабах“ од Азербејџан.[1]
Димитровски добил можност повторно да заигра за македонската репрезентација во јуни 2015 година, на натпреварот против Словачка. Меѓутоа, пред натпреварот на македонската репрезентација со Луксембург (одигран на 5 септември 2015 година), во рамките на квалификациите за Европското првенство 2016, Димитровски бил отстранет од репрезентацијата, а селекторот Љубинко Друловиќ изјавил дека повеќе не смета на него за идните настапи на репрезентацијата. Причината за тоа била самоволното напуштање на Димитровски на репрезентацијата за време на подготовките. Имено, ноќта меѓу 1 и 2 септември 2015 година, Димитровски заминал во странство, без знаење на селекторот на македонската репрезентација, со цел да ги потпише документите за неговиот трансфер во екипата на ФК „Карабах“ од Азербејџан.[2]

Наводи

уреди
  1. „Димитровски се сели во Карабах“, Дневник, година XIX, број 5855, среда, 2 септември, стр. 22.
  2. „Димитровски без дозвола го напуштил хотелот, Друловиќ не смета повеќе на него“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 23.