Морена, Морана, Мора, Мажана — слoвенска божица на зимата и смртта, како и на пролетта.

Морена во Чешка

Особености

уреди

Морана божество чиј карактер различно се претставува кај различни групи на словенски народи: кај источнословенските народи е божица на пролетта. А кај јужнословенските како аграрно-сточарско божество. Според другите толкувања таа е зло божество на зимата и смртта, но воедно е и божество кое се врзува за обреди кои донесуваат дожд и кружно движење во природата, каде се нагласуваат и умирањето, но и воскреснувањето на божествата.[1]

Во народната традиција се спомнува св. Морана која се поврзува со митолошките елементи дабот и водата (основните елементи на Перун), поради што некои истражувачи ја толкуваат како неговата сопруга, или ќерка.[2]

Во македонската народна митологија, познатиот истражувач Танас Вражиновски, го забележал и името на божицата Морена. Според тоа, Морена била божица на смртта и зимата.

Наводи

уреди
  1. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 197.
  2. Нина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 190.